– Со најголема сериозност ги осудувам неприфатливите акти на насилство и вооружени напади врз косовската полиција и меѓународниот персонал на северот на Република Косово и ги повикувам правосудните институции што поскоро да ги изведат нивните сторители пред лицето на правдата, напиша Мета.

Објавил: Мате Парлоф | 12 декември, 2022 5:52

Илир Мета: Ги осудувам неприфатливите акти на насилство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанскиот премиер Еди Рама и поранешниот албански претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета реагираа околу состојбата на северот на Косово, овој пат по заедничкото соопштение на амбасадите на САД во Белград и Приштина.

Тие ги поздравија заедничкото соопштение  со кое амбасадите побараа итно отстранување на блокадите на патиштата на север и „запирање на заплашувањата и заканите со насилство“.

– Потполно се согласувам. Силно и јасно за сите што сакаат да слушнат, напиша Рама во реакцијата.

Вечерва реагираше и поранешниот албански претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета.

Тој ги повикува правосудните институции што поскоро да ги изведат  виновници пред лицето на правдата. и да се избегне каква било провокација или ескалација на ситуацијата.

– Со најголема сериозност ги осудувам неприфатливите акти на насилство и вооружени напади врз косовската полиција и меѓународниот персонал на северот на Република Косово и ги повикувам правосудните институции што поскоро да ги изведат нивните сторители пред лицето на правдата, напиша Мета.

Апелира да се избегне каква било провокација или ескалација на ситуацијата.

– Силно апелирам на неопходноста од избегнување на каква било провокација, а особено ескалација на каква било форма на тензија која ја поткопува безбедноста на Косово и која ги загрозува мирот и стабилноста во нашиот регион, апелира Мета.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.