Неговиот тест за корона е негативен, и отккао ќе закрепне на клиниката за детски болести веднаш да биде вселен во малиот групен дом во Демир Капија. Голготата за Илче заврши но го отвори прашањето дали надлежните службите потфрлија!

Објавил: Владо Марин | 23 јули, 2020 20:16

Илче од Охрид не бил искапен 1 година, живеел на чергиче на под со една чаша млеко

Фото/Текст извор: ©Телма

Од чергиче на под, со една чаша млеко на ден и неискапен 1 година, 11- годишниот Илче од Охрид закрпенува на детската клиника во Скопје.

Неговиот тест за корона е негативен, и отккао ќе закрепне на клиниката за детски болести веднаш да биде  вселен во малиот групен дом во Демир Капија. Голготата за Илче заврши но го отвори прашањето дали надлежните службите потфрлија.

Додека министерството за здравство испрати тим да го провери работењето на центарот за социјални работи во Охрид, оттаму директорката обвини дека три дена никој не и кревал телефон за да се згрижи момчето со церебрална парализа. Според, Ајтен Мусли, стравот од пандемијата  и немањето капацитет биле две прични зошто одговорните одбивале да и помогнат.

Повикот за спас за Илче стасал до сосетка на улицата „Питу Гули“ во Охрид заради болните крици на момчето.

Тимот социјални работни три дена асистирале во грижата за момчето со храна и облека, но никој не сакал да го превземе, додека медиумите не објавија, а министерот за здравство Венко Филипче доцна синоќа со амбулатно возило го однесе Илче на лекување во Скопје.

Од министерството за труд и социјална политика велат дека надзорот во постпувањете на охридската служба ќе покаже дали е реагирано навреме, а неточно и тврдењето на директорката дека нема капацитет во малите групни домови.

Демир Капија е избрана заради трајната болест на момчето и потребната нега.

Човекот кој привремно се грижел за Илче тврдеше дека еден месец пријавувал во полиција, по заминувањето на таткото, а потоа и на мајката.

11-годишното дете имало проблеми од раѓањето, а мајката која иако болна се грижела за него и често заедно со количка го шетала низ Охрид, а често била низ центарот каде просела.

Помошта што ја добивала од граѓаните ја ставала на количката со детето и таа слика била секојдневна за охриѓани, но и покрај тоа досега социјалните служби ниту го забележале ниту им помогнале на детето и мајката, а со увидот во постапувањето на општинските служби треба да се затвори овој случај.

Мајката на Илче е пронајдена по службите во струшко, но го загуби родителското право над него, а заработи и кривична пријава заради пропусти во родителската грижа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести