Многу од нив за да Ѝ оддадат почит на нашата Владичица и Небесна Царица пешачат и цели километри пред да се поклонат на нејзината чудотворна икона што се наоѓа во овој храм.

Објавил: admin@magazin | 21 септември, 2021 7:08

Илјадници поклоници пред чудотворната икона на Богородица на Крит

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Секоја година на празникот на Рождеството на Пресветата Богомајка, илјадници православни верници доаѓаат на поклонение во храмот Панагија Антифонитрија во селото Мириокефала на Крит.

Многу од нив за да Ѝ оддадат почит на нашата Владичица и Небесна Царица пешачат и цели километри пред да се поклонат на нејзината чудотворна икона што се наоѓа во овој храм.

Споменатата црква е всушност католикон на еден стар манастир кој бил основан од страна на Св. Јован Отшелник во 1020 година. За жал манастирот не е повеќе активен а црквата денес служи како парохиски храм на селото.

Се вели дека еден ден Св. Јован поминувал низ ова место, и огромна трнлива грмушка му го попречила патот. Светиот ја запалил грмушката за да си направи премин, но од пламенот слушнал глас кој велел: „Овде сум! Овде сум!“ Тој го изгасил огнот и ја нашол во него иконата на Богородица. Потоа веднаш решил да изгради манастир на местото каде што ја пронашол иконата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...