Со своите 16 години била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и прва жена партизан во партизанските одреди на Македонија.

Објавил: Владо Марин | 28 ноември, 2020 11:44

СЛАВА И: На 17 години бугарите ѝ ја отсекле главата, па на кол ја шетале по велешките села

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Со своите 16 години Невена Георгиева Дуња, била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и прва жена партизан во партизанските одреди на Македонија.

Георгиева станува борец на Скопскиот партизански одред при неговото создавање на 22 август 1941 година.
По расформирањето на Одредот во ноември 1941, таа заминала во Велес, а потоа во Струмица!

СЛАВА И! Споменикот на Невена Георгиева Дуња!

Помагала во подготовките за излегувањето на Струмичкиот партизански одред од летото во 1942 година. Во мај 1942, во отсуство, таа била осудена на 7 години строг затвор. Во септември 1942 година станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.

Загинала во судир со бугарската полиција и велешката контра чета на 16 декември 1942година во Велешко Нежилово. Откако тешко ја раниле, ѝ ја отсекле главата и ја набиле на кол и така ја шетале низ велешките села за да се заплаши востанатиот народ. За страв пак на граѓаните на Велес, нејзината глава ја ставиле во еден централен излог.

Во чест на Невена Георгиева се испеани неколку песни од НОВ, меѓу кои се и песните „По поле одат аргати“ и „Пуста останала таја контра чета“.

Во нејзина чест, две основни училишта, во Кисела вода и Нежилово, го носат нејзиното име. Исто така, еден од студентските домови во Скопје го носи нејзиното име.

Во Жена-парк постои спомен-обележје посветено на Невена Георгиева-Дуња. Во 1969 година била поставена нејзина биста во основното училиште што го носи нејзиното име во Кисела Вода, а во 1978 година и во Студентскиот дом во Скопје што го носи нејзиното име.

Во 2014 година нејзината биста во дворот на студентскиот дом е уништена, а во 2016 била украдена и нејзината биста во основното училиште во Кисела Вода.

Во 2013 година била откриена нејзина спомен-плоча во Нежилово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.