Граѓаните прашуваат која е разликата од напад до напад и зошто некои поминуваат со помалку а некои со повеќе, Закон си е закон и секој треба да одговра пред лицето на правдата соодветно според мерките и законите кои се ставени во членовите.

Објавил: Весна Петровска | 19 ноември, 2019 14:15

ИМАМЕ ЛИ НИЕ ПРАВДА? Кубачот на Шекеринска доби 4 години затвор, а таткото на Боки 13 за тепање поп со скршеници 6 месеци

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Таткото на Бојан Јовановски доби 6 месеци затвор затоа што физички нападна свештено лице пред неговиот дом, а дедото кој ја потегна за коса Шеќеринска доби 4 годин и затвор.

Граѓаните прашуваат која е разликата од напад до напад и зошто некои поминуваат со помалку а некои со повеќе, Закон си е закон и секој треба да одговра пред лицето на правдата соодветно според мерките и законите кои се ставени во членовите.

На ова реагираше и Мери Николова Буџаку преку својот Фесјбук
– Тегнење за коса 4 години затвор, тепање поп со скршеници 6 месеци затвор. Браво за таткото на Боки. И правда имаме а? , прашува Мери на својот профил.

 

За потсетување, Таткото на Боки 13, Миле Јовановски e осуден на 6 месеци затвор за физичкиот напад врз свештеникот Виктор Стојчев. Јовановски денеска не беше во судница додека се читаше пресудата.

Обвинението го товари Јовановски дека на 7 јануари 2017 година физички го нападнал свештеникот Стојчев по банална расправија за паркинг место, па му го скршил зглобот на ногата.

На Јовановски му се закануваше казна затвор од 6 месеци до 5 години за кривичното дело „тешка телесна повреда“.

Додека пак Панче Ангелов кој ја кубеше и ја повреди министерката за одбрана Радмила Шекеринска, за време на организираниот напад во Собранието на 27 април, одлучи Основниот суд Скопје 1. За кривичното дело Насилство за кое што е осуден Ангелов, предвидена е казна затвор од 3 до 10 години.

Ова е прва затворска казна за насилствата во Собранието на 27 април, откако на 23 мај деветмина учесници во нападот во Собранието на 27 април добија условни казни.
Предметот на Панче Ангелов го водеше Основно јавно обвинителство Скопје, а истрага за 27 април има и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Ангелов на судското рочиште минатиот четврток се изјасни за виновен за насилството кое го изврши врз Шекеринска и побара да не му биде одредена затворска казна бидејќи како што рече живее сам и нема кој да му помогне ако оди во затвор.

Обвинетиот Ангелов има рок од 15 дена да поднесе жалба на одлуката до Апелациониот суд.
Шекеринска по завршување на минатото рочиште изјави дека луѓето кои ги организираа крвавите напади, кои ги отворија вратите на Собранието, се кријат и оставаат извршителите на ја носат вината на свој грб.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска по завршување на судското рочиште на 6 октомври рече дека луѓето кои ги организираа обвинетите, кои им ги отворија вратите на Собранието и кои го мотивираа насилството ги нема нигде, се кријат и оставаат извршителите да ја носат на свој грб нивната вина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.