Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Објавил: Перо Милчин | 21 јуни, 2022 5:51

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата „Анализа“ на телевизија 24, коментирајќи го францускиот предлог и изјавите на Ковачевски и Османи дека се уште немаат увид во истиот, рече дека според неговите информации истиот е усогласен со македонското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека нема да си дозволи француската влада и Макрон да пратат предлог и тој претходно да не го усогласат со некакви канали за комуникација.

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој? Ајде да зборуваме за португалскиот предлог, кои што нашата влада го прифати, нели велеа го прифаќаме. Ајде да зборуваме за се што било порано. Зошто сега сето ова не чинело за Радев, и наеднаш ова е добар предлог, најдобар.

Сега ние треба како сериозни луѓе да си го ставиме прстот на чело и да размислиме што правиме и каде одиме? И дали треба воопшто треба да размислуваме и да губиме време или треба одма да го отфрлиме. Затоа што секој ден тактизирање на владата значи дека овој предлог е следната преговарачка позиција и одиме нагоре што се однесува до бугарските барања. Ова не е одговорно од владата што молчи, дециден е Мицкоски.

Требаше до сега да излезе владата и да каже. Нема да си дозволи француската влада и Макрон да пратат предлог и тој претходно да не го усогласат со некакви канали за комуникација. Еве јас ви кажувам од моето искуство дека тоа е невозможно. А моите информации велат дека прецизно е усогласено со каналите за комуникација во нашето Министерство за надворешни работи, рече тој.

Според Мицкоски, францускиот предлог не е добар за иднината и народот на државата.

Јас велам дека тоа не е добро за мене, иднината на оваа држава и за мојот народ. Тоа е мојот став, нагласи Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...

„Во неколку наврати имам кажано, таа партија сè уште се води и се управува од Мала Речица. Сè додека е така мислам дека одиме во погрешна насока. Но, можам да му

Димитриевски: Ние Македонците УЧК ја чувствуваме како окупациона сила

Актуелниот градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во Темата...