Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските, вели Филипче!

Објавил: Владо Марин | 4 мај, 2020 11:56

Имаше тежок наод на белите дробови: Венко Филипче се огласи за смртта на Драган Вучиќ

Фото/Текст извор: ©Магазин

Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега, напиша пред малку министерот за Здравство Венко Филипче!

И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот.

Познатиот пејач, водител и телевизиско лице Драган Вучиќ денеска почина на Инфективната клиника во Скопје.

Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските, вели Филипче!

Драган Вучиќ е роден во Скопје 1955 година. Зад себе остави бројни поп-хитови како што се „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“ и „Кажи ѕвездо“. Во 90-тите беше пејач на поп-фолк-групата „Кода“.

Тој ја компонираше песната „Make My Day“, избрана да ја претставува Македонија на Евровизија во 2005 година.

Актуелно ja водеше емисијата која што ја гледаше цел Балкан „Гурмански Муабети„

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam