Производителите на бостан загрижени поради достигнатата ниска цена на бостанот

Објавил: admin@magazin | 28 јуни, 2018 13:55

Криза со откупот на бостанот, земјоделците бесни и разочарани!

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Бостанот овие денови се продава по само 5 денари за килограм што е исклучително ниска цена ако се знае дека тоа не ги покрива минимум трошоците за производство на овој земјоделски производ.

Дополнително грижата е уште поголема ако се знае дека се откупени само 30 отсто од бостанот и таа цена ќе паѓа засилено наредниот период.

Досега нема никаква реакција од Министерството за земјоделие и министерот Љупчо Николовски кон кого се насочени земјоделските барања за интервенција во откупната цена и зголемена поддршка.

Но засега нема слух за земјоделските барања. Стојан Петрески од струмичко кој е долгогодишен производител на бостан изјавува дека бостанот наместо на трпеза заврши во реките, владата нема никаков слух.

-15 години садам бостан, како што е оваа година лошо, никогаш не било порано. 5 денари е потценувачка цена, не стига ниту за основните трошоци на крај поисплатлив ќе ни биде да го фрлиме во река, вели земјоделецот Петрески.

Најпогоден регион е струмичкиот, струмичкото поле, Босилево, Василево, Ново село, но со истиот проблем го има и во другите делови од државатакаде има насадено бостан.

Земјоделците најавуваат порадикални мерки доколку нема брза реакција од владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести