“Луѓето од градот не го разбираат тоа”, напишал Пеџа во описот. Стојаковиќ, кој не е “редовен” во медиумите поради неговиот живот,

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 август, 2019 19:49

ИМА МИЛИОНИ А ЧУВА ОВЦИ: Легендата на српската кошарка извршува земјоделски работи!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот кошаркар Предраг Стојаковиќ, сподели фотографија на социјалните мрежи на кои извршува селски работи.

Светскиот и европски шампион и НБА првак, Предраг Стојаковиќ, ја шокира јавноста кога на социјалните мрежи објави фотографии на кои вози трактор и пасе овци.

“Луѓето од градот не го разбираат тоа”, напишал Пеџа во описот. Стојаковиќ, кој не е “редовен” во медиумите поради неговиот живот, буди голема љубопитност и внимание кај јавноста кога ќе се огласи на социјалните мрежи.

Стојаковиќ ја предводеше Југословенската репрезентација, освојувајќи златни медали на Европското првенство во 2001 година и ФИБА Светското првенство во 2002 година. Често сметан за еден од најуспешните српски кошаркари, Пеџа беше именуван за Оскар за Европски кошаркар на годината од страна на италијанскиот весник “Gazzetta dello Sport” и два пати Мистер на Европа Европски кошаркар на годината од страна на италијанскиот спортски весник Супербаскет.

Предраг Стојаковиќ исто така познат по својот прекар Пеџа, е пензиониран српски професионален кошаркар кој најголем дел од својата кариера кај поминал во НБА лигата.

Со висина од 2.08м, Стојаковиќ играл на позицијата ниско крило.

Познат по своите шутирачки способности, Пеџа бил два пати победник во натпреварот за тројки на НБА Ол-стар викендот, станувајќи со тоа прв играч од Европа кој победил во еден од натпреварите на Ол-стар викендот.

Во моментов, Стојаковиќ е четврти на листата на сите времиња за дадени тројки во регуларниот дел од сезоната.

Тој во моментот ја извршува функцијата директор на играчкиот персонал и развој за Сакраменто Кингс, како и генерален менаџер на тимот Рино Бигхорнси, филијала на Сакраменто Кингс, кој настапува во НБД Д-Лигата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.