Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера се направени 4.962 тестирања, регистрирани се 344 нови случаи на Ковид-19, а починати се шест лица.

Објавил: admin@magazin | 10 октомври, 2021 9:19

Има 6.967 активно заразени од Ковид-19, повеќето се од Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во текот на оваа недела забележан е намален број на починати лица од коронавирусот во земјава.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера се направени 4.962 тестирања, регистрирани се 344 нови случаи на Ковид-19, а починати се шест лица.

Заклучно со вчерашните податоци, во Северна Македонија има 6.967 активни случаи, од кои најголем број се во Скопје – 3.461, потоа во Куманово – 629, а на трето место е Тетово – 186.

Поради намалениот број случаи на коронавирусот, Република Бугарија од денеска ги повлекува рестрикциите за македонските државјани, со што од црвена, Северна Македонија е преместена во портокалова зона.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот фејсбук-профил информираше дека македонските државјани ќе можат да патуваат за Бугарија само ако имаат сертификат за вакцинација, со поминати 14 дена од втора примена доза, сертификат за прележан Ковид, што важи од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...