Името Македонија без придавката Северна во Уставот ќе биде спомнато само во член 36 кој ги уредува правата и обврските на првоборците во НОБ и Антифашистичката војна

Објавил: Мартин Попоски | 4 ноември, 2018 10:29

Името „Македонија“ само во еден член од Уставот, Грците бараат да се избрише

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По реакцијата на претседателот на Грција, кабинетот на премиерот Ципрас започнал со консултации за анекс на Преспанскиот договор, со кој од Уставот ќе се избрише во целост единствениот член каде останува името Македонија.

Имено во предложениот амандман  XXXIII на Уставот на Република Македонија се пропишува дека „Во Уставот зборовите ‘Република Македонија’ се заменуваат со зборовите ‘Република Северна Македонија’, а зборот ‘Македонија’ се заменува со зборовите ‘Северна Македонија’, освен во член 36.“.

Членот  36 од Уставот на РМ гласи:

Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција.

Посебните права се уредуваат со закон.

Поточно членот е поврзан со Втората Светска војна и македонската антифашистичка победа која е пресликана во одлуките од АВНОЈ во 1943 година и АСНОМ во 1944 година. 

Според историчарите проблем е што во сите документи, освен во Прогласот на АСНОМ, грците и бугарите се именувани историско коректно, како фашистички окупатори. Цитирањето само на Прогласот на АСНОМ се минимализира овој историски факт но со член 36 од Уставот на Македонија, била таа и Северна се потврдува историскиот континуитет.

Неофицијално Заев и Ципрас имале телефонски разговор за овој член. Заев смета дека истиот би можел да се регулира во подоцнежната фаза додека Ципрас останал на ставот дека Грција подготвува анекс на Преспанскиот договор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести