Камчев, Мирчевски, Панделески и Арсова согласно решение на Кривичниот совет се опасни за бегство па остануваат во 30 дневен притвор, Мијалков според Јанева е "коректен"

Објавил: Мартин Попоски | 15 ноември, 2018 6:32

“Империјалистите” остануваат во притвор, Мијалков не

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените во случајот „Империја“ на СЈО.

Воедно Кривичниот совет ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка за определениот притвор.

Од 13 осомничени, во притвор се пет лица и тоа бизнисменот Орце Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“, Тодор Мирчевски, директорот на ЗК „Пелагонија“ и „Пелистерка“, Цветан Панделески, и Зорица Арсовска, сметководителка во фирмите на Камчев.

Постапувајќи по жалби на одбраната изјавени против решенија на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор во случајот од Обвинителството означен како ‘Империја’, советот одржа јавна седница со присуство на одбраната по која ценејќи ги фактите и доказите во предлогот и во изјавените жалби, донесе решенија со кои ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка. – информираат од кривичниот суд.

Во „Империја“ осомничени се Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска-Камчева, Христина Камчева-Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Осомничените се товарат за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластувањето, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести