Американските медиуми јавуваат дека се уште нема информации за евентуални повредени или предизвикана штета.

Објавил: Перо Милчин | 23 ноември, 2019 21:47

Индонезија погодена од силен земјотрес

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јак земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди истичниот дел на Индонезија, соопшти Американската служба за геолошки надзор.

Во соопштението се наведува дека епицентарот на потресот бил на длабочина од само 10 километри и дека земјотресите со толку мала длабочина можат да предизвикаат поголема материјална штета.

Медиуми јавуваат дека се уште нема информации за евентуални повредени или предизвикана штета.

Земјотрес во Индискиот Океан – исто така познат како земјотрес во Суматран Андаман – на 26 декември 2004 година во 00:58 UTC (07:58 часот по локално време во Западна Индонезија и Тајланд) се случи еден подводен мега земјотрес со магнитуда од 9, 1 со епицентар на само 85 километри од северозападниот брег на индонезискиот остров Суматра. Тоа беше трет најсилен регистриран земјотрес досега и предизвика серија разурнувачки цунами на бреговите на Индискиот Океан. На многу делови од брегот туристите ги поминаа божиќните празници на плажите беа многу луѓе за сончање и пливање. Тогаш цунамито убиј околу 230.000 луѓе, од кои околу 165.000 се само во Индонезија. Над 110.000 луѓе беа повредени, а повеќе од 1.7 милиони крајбрежни жители околу Индискиот Океан станаа бездомници

Местоположбата на Индонезија на рабовите на тихо океанските, евро азиските и австралиските тектонски плочи е причина за бројните вулкани и честите земјотреси.

Индонезија има најмалку 150 активни вулкани вклучувајќи ги и Кракатау и Тамбора кои се познати по разурнувачките ерупции во 19 век. Ерупцијата на супервулканот Тамбора пред околу 70 000 години беше еден од најголемите ерупции и претставуваше глобална катастрофа.

Неодамнешните катастрофи кои се резултат на сеизмичка активност се цунамито во 2004 година во северна Суматра кое имаше околу 167 736 жртви и земјотресот Јогјакарта во 2006 година. Сепак, вулканскиот пепел придонесува за големата плодност на земјата и е причина за големата густина на населеност на Бали и Јава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...