За поставената железна платформа правниот субјект немаше одобрение и истата е поставена спротивно на Правилникот за користење урбана опрема. Направен е записник и задолжен е сопственикот во рок од 3 дена истата да ја отстрани и просторот да го врати во првобитна состојба!

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 јуни, 2020 15:47

Инспекторатот на Град Скопје и Комуналните инспектори отстрануваат нелегални тераси во Скопје!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По пријава од станарите на Млечен Ресторан, оваа тераса ќе биде отстранета во рок од три дена.

Ја повикуваме Општина Карпош да подготви програма за урбана опрема за оваа микро локација, во дослух со станарите, за во иднина да не се случуваат вакви немили настани, а и за да се воведе ред во користењето на јавниот простор на овој плоштад, се вели во соопштението на Град Скопје!

Во текот на вчерашниот ден беше извршен вондреден инспекциски надзор на улица Анкарска 23 од страна на Раководителот на Инспекторатот на Град Скопје и Комуналните инспектори.

За поставената железна платформа правниот субјект немаше одобрение и истата е поставена спротивно на Правилникот за користење урбана опрема.

Направен е записник и задолжен е сопственикот во рок од 3 дена истата да ја отстрани и просторот да го врати во првобитна состојба, соопштуваат од инспекторатот на град Скопје!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести