Во Република Македонија има вкупно 1000 инспектори кој не се доволни за работа ,изјавија од министерството.

Објавил: admin@magazin | 1 декември, 2018 10:22

Инспекторите во Република Македонија казнуваат без опомени

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Инспекторите во Република Македонија изрекуваат високи казни на сите компании без да ги опоменат претходно.

Бизнисмените викаат дека главна причина за тоа се нејасните закони и бараат многу прецизни одредби, кои за целост ќе го отстранат човечкиот фактор, а не инспекторите субјективно да уценуваат за прекршоци.
„Во голем дел од одредбите има можност да се изречат јавни опомени, за компаниите да ги отстранат неправилностите, а не да бидат веднаш гонети. Но, бидејќи тоа е можност, не се применува, затоа бараме со законските измени да биде задолжителна прво таа опомена, едукација, па ако компанијата не се усогласи, да биде гонета“, вели Даниела Арсовска, претседател на Сојуз на Стопански комори.

Од вкупно 29 инспекциски служби, компаниите најмногу се соочуваат со инспекторите на УЈП, Пазарниот, Трудовиот и Санитарниот инспекторат. Фирмите имаат големи надежи и истите се насочени кон новиот закон за инспекциски надзор кој власта го подготвува, и бара мислења од бизнисот.

Во голем дел од одредбите има можност да се изречат јавни опомени, за компаниите да ги отстранат неправилностите, а не да бидат веднаш гонети вели Даниела Арсовска, претседател на Сојуз на Стопански комори.

Преку јавни листи коморите ќе им помагаат за проверки , и самите да видат дали се усогласени со законите.
„Ова особено се однесува на малите фирми, од по 3,4 вработени, кои немаат доволно капацитет да ги следат постојаните промени на законите“, вели Љубомир Димовски, Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

Наспроти сите легални фирми кои се казнуваат, оние што работат во нормалната зона, никој не ги чепка, се бара власта да ги лови нелегалните бизниси.
Министерот Манчевски вели – на фирмите им ветивме дека ќе има прво опомени, а со казните нема да го полниме буџетот. Сите инспекциски служби, пред да влезат во некоја фирма, ќе мора прво да им достават листа на барања кои мора да ги исполнат.

„Инспекциските служби ќе прават проценка на ризик, кои компании во кои области се поризични, таму да прават контроли, оние што редовно си ги почитуваат законите, да не бидат под притисок“, вели Министерот за ИО и администрација“, Дамјан Манчевски.
Во земјава има вкупно 1000 инспектори, тие не се доволни, вели министерот, сите служби ќе кажат колку им недостигаат, па ќе се знае колку нови инспектори ќе се вработат.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...