Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Објавил: Перо Милчин | 14 април, 2021 20:22

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето на граѓаните и запирање на ширењето на коронавирусот, седумте инспекциски служби во изминатите денови спроведоа вкупно 6.038 надзори и контроли. 

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони. 

При спроведените контроли, на лице место се затворени три објекти  поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти. Сите три угостителски објекти на лице место се затворени и им се изречени прекршочни платни налози. 

Државниот здравствен и санитарен инспекторат од 5-ти март до 11-ти април изврши 90 надзори, врз основа на кои изрече 15 решенија. 

При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е  и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 11.962 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19, што е за 2.000 помалку споредено со претходната недела.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката на Инспекцискиот совет,  Магдалена Филиповска-Грашкоска:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...