Вкусни, едноставни и интегрални мафини.

Објавил: admin@magazin | 4 февруари, 2019 20:50

Интегрални мафини

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Брзи мафини за појадок – може да ги подготвите и пред да одите на работа.

Овие брзи мафини ви ги препорачуваме да ги подготвите кога сте на диета или кога немате доволно време да направите поручек за вашите најмили.

Овие вкусни мафини се неодоливи и превкусни за вашиот стомак. Ви препорачуваме да ги зготвите веднаш. 

Состојки:

120 гр интегрално брашно
130 гр оризово брашно
100 гр мусли со суво грозје
1 лажичка прашок за печиво
300 мл млеко
2 лажици мед
1 портокал
100 мл масло
сол

Начин на подготовка:

Измешајте брашно, додајте мусли, прстофат сол и прашок за печиво.
Во друг сад измешајте млеко, масло, мед и сок од портокал. Измешајте ги сите подготвени состојки и излејте во добро наместени калапи за мафини така што ќе ги наполните до две третини. Печете околу 30 минути во рерна загреана на 200 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.