Ангеловска: За почеток сакам да нагласам дека не е најголем буџет во историјата на земјата. Во апсолутна вредност буџетот треба да расте секоја година сразмерно на порастот на бруто домашниот производ. За споредба дали е најголем во историјата се користат релативни показатели односно буџетот изразен како процент од бруто домашниот производ, така да буџетот за 2020 не е најголем во историјата како што пред јавноста се прикажува. Буџетот е реален и е скроен буквално „by the

Објавил: Весна Петровска | 6 јануари, 2020 12:59

Интервју на Ангеловска за Фактор: Одливот на мозоци е и поради ниските плати, мора да ги задржиме квалитетните кадри овде

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Интервју на министерката за финансии Нина Ангеловска за Фактор. Таа за порталот вели дека нема популизам во покачувањето на платите, на пензиите па тоа го правда со потребата да сe инвестира во кадар, за квалитетните млади и да останат овде. Вели дека во нашите деца вложуваме толку – за да тие можат да искористат само половина од потенцијалната продуктивност, како што покажа и анализа на Светска банка и дека тоа мора да се промени.

Буџетот за следната година, кој е впрочем најголем во историјата го карактеризирате како буџет кој е насочен за инвестиции во човечки капитал. Верувате ли вие искрено дека ова е влог со таква суштина?

Ангеловска: За почеток сакам да нагласам дека не е најголем буџет во историјата на земјата. Во апсолутна вредност буџетот треба да расте секоја година сразмерно на порастот на бруто домашниот производ. За споредба дали е најголем во историјата се користат релативни показатели односно буџетот изразен како процент од бруто домашниот производ, така да буџетот за 2020 не е најголем во историјата како што пред јавноста се прикажува. Буџетот е реален и е скроен буквално „by the

book”, односно порастот на приходната страна е планирана соодветно на проектираниот раст на бруто домашниот производ и инфлацијата, додека расходната страна е предвидена со буџетски дефицит согласно планираниот во среднорочната фискална стратегија. Структурата на расходната страна е скроена со зголемување на релативното учество во трите основни столба кои го формираат индексот на човечкиот капитал. Од тука произлезе и мотото на буџетот за 2020 година „инвестираме во човечки капитал“.
Вложување во подобро здравство, во подобро образование, во социјална грижа – тоа всушност е вложување во човечки капитал. За 2020 година имаме убедливо највисока сума досега за оваа намена во износ од 154 милијарди денари, или 64 отсто од вкупните расходи во буџетот. Интензивни инвестиции во човечкиот капитал се потребни веднаш. Зошто? Бидејќи со години не се вложувало во најважниот ресурс – луѓето. Последицата од тоа е дека Република Северна Македонија, согласно индексот на инвестиции во човечки капитал на Светска банка, е последна во регионот. Ако во најразвиените земји просечниот индекс на човечки капитал е 0,80, во земјите од ЕУ 0,75, а во земјите во регионот 0,60, во нашата земја индексот на човечки капитал изнесува 0,53. Што значи тоа? – Дека сегашните деца кога ќе пораснат, согласно она што денес се вложува во нив, преку образованието, здравството и социјалната грижа, ќе можат да користат само половина од својата потенцијална продуктивност. Замислете, постојано велиме дека подобар животен стандард е резултат од раст на продуктивноста, а од друга страна, во нашите деца вложуваме толку – за да тие можат да искористат само половина од потенцијалната продуктивност. Ова мора да се менува. И ние го менуваме тоа. Инвестирајќи во човечкиот капитал, инвестираме во подобра иднина на оваа земја.

Самата е млада и амбициозна, подготвена да се менува, но и да менува. Барем така вели за себе, па го цитира и Стив Џобс со ставот – оној кој е доволно луд да мисли дека може да ги смени работите е најчесто оној кој ги менува.

Додека СДСМ беше во опозиција овие мерки, односно зголемувањето на платите на пензиите ги карактеризираше како чист популизам. Нели се такви и овие, сите се предложени на крај на мандатот иако претходно СДСМ како левичарска партија тврдеше дека слични мерки само купуваат гласови. За дел од овие мерки свои забелешки имаа и ММФ и Светската банка.

Ангеловска: Има повеќе причини за одливот на мозоци од земјата, но една од најважните е економската, односно си одат поради ниските плати. Она што на краток рок може да се понуди е токму повисоки плати. Факт е дека имаме одлив на лекари, на медицински сестри, не само од јавното во приватното здравство, туку си заминуваат и од земјава. Второ, колку од квалитетните студенти се мотивирани да работат во просвета, знаејќи ги платите?

Ако сакаме да ги понудиме најдобрите здравствени услуги на граѓаните, треба најдобрите лекари и медицински персонал да ги задржиме во јавните здравствени установи. Да, треба, и се вложува во современа медецинска апаратура, но таа ќе биде бескорисна ако немаме квалитетни кадри кои ќе работат со неа. Ова е дејност која целосно зависи од човечкиот фактор. Истото е со образованието. Ако немате квалитетни кадри кои ќе бидат мотивирани да го пренесат знаењето на децата, нема да имате резултати во образованието.

Инвестираме во човечки капитал, за да ги задржиме тие луѓе тука и за да понатаму тие помогнат во продуцирање на попродуктивни генерации.

Понатаму, не би се сложила дека сега прв пат предизборно се покачуваат платите, тие се покачуваат повеќе пати од 2018 година. Со покачувањето на платите на лекарите од февруари 2020 година, последниве три години платата на лекар специјалист е покачена за околу 40 отсто. Само годинешното покачување на платата на лекар специјалист е 25 проценти, на општите лекари 15 отсто, а 10 проценти за медецинските сестри. Од јануари за 10 отсто се покачуваат и платите во образованието, со што кумулативното покачување на платите изнесува 20,6 проценти со претходните покачувања. На крај, да сумирам и конкретно да одговорам на вашето прашање – дали јас сметам дека овие мерки се популизам? Не, популистички работи се оние кои се во насока на купување на моменталното задоволство на граѓаните и кои немаат никакви или имаат негативни ефекти во иднината. Напротив, мерките кои ги преземаме за вложување во човечки капитал се во насока на поставување на работите на здрави фундаменти, за да идните генерции во оваа земја живеат подобро.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.