Во разговорот Милошоски открива кои се плановите на неговата матична партија и вели дека не ја исклучува можноста за  да се најде како член на владата, доколку ВМРО- ДПМНЕ победи и формира Влада.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 ноември, 2019 8:45

Антонио Милошоски за Магазин: Министрите Димитров и Османи се виновни за фијаското во Брисел!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски во интервју за Магазин.мк открива како опозициската партија ќе успее да ја врати довербата на граѓаните да излезат и да дадат мнозинство гласови на пресојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април 2020 година. Вели одлуката за предвремени избори одамна ја насетуваа политичарите но единствен кој негирал бил премиерот Зоран Заев. Во разговорот Милошоски открива кои се плановите на неговата матична партија и вели дека не ја исклучува можноста за  да се најде како член на владата, доколку ВМРО- ДПМНЕ победи и формира Влада. Посочи дека ВМРО како партија ќе стави акцент на образованието, здравството, привлекувањето на странските иневестици, спортот, животната средина и земјоделието. Ветуваат дека граѓаните ќе имаат подобри услови доколку довербата повторно ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ.

Во моментот се актуелни предвремените парламентарни избори , како ВМРО-ДПМНЕ ќе се промовира пред народот и сметате ли дека ќе успее да ја врати политичката доверба кај граѓаните? Како ВМРО ќе успее да ги придобие гласачите?

На предвремените избори во Април 2020 година кон гласачите ќе пристапиме со програма која ќе ги третира приоритетните потреби на самите гласачи. Затоа главните компоненти на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат: образованието, здравството, привлекувањето на директни странски инвестиции, спортот, животната средина и земјоделието. Концептот на изборната програма ќе биде заснован на понуда на реални проекти, со конкретен рок за нивна реализација, како и со наведени институции кои ќе бидат надлежни и одговорни за навремено остварување на зацртаните цели. Преку средбите на партиските тимови со граѓаните во сите општини во Македонија доаѓаме до заклучок дека бројот на разочараните граѓани од актуелната власт е многу поголем од бројот на оние кои сметаат дека владата работи задоволително. Забележуваме дека големиот број на лажни и неостварени ветувања од страна на владата на Заев е она што најмногу ги иритира гласачите, и затоа нашиот пристап ќе биде понуда на нови, развојни, но реално остварливи проекти во сите битни области.

Антонијо Милошоски – пратеник и претседател на Комисијата за надворешни работи на Собранието на Република Македонија

Според вас правилна ли беше одлуката за предвремените парламентарни избори? Ќе успее ли ВМРО да победи со мнозинство гласови?

Потребата за предвремени парламентарни избори подолго време ја насетуваа сите посериозни политичари и дипломати, но нивното одржување единствено го негираше премиерот Заев, кој тврдеше дека нема шанси да има избори порано од октомври 2020. Но, притисокот на корупцијата и скандалите во кои влезе дел од владиниот естаблишмент, како Рекет1, Рекет2, Рашковски и Курто Дудуш, лажните лански најави за добиен датум за ЕУ, како и нестабилната економска политика чиј курс владата го менува три пати годишно, беа преголем товар кој ја примора владата да се согласи на предвремени избори како единствена опција. На анкетите кои ги спроведуваат реномирани институти забележуваме дека расположението на мнозинството гласачи е за смена на власта, а ВМРО-ДПМНЕ во последните 6 месеци има стабилна предност од 5% пред СДСМ. Тоа ни дава мотив за динамична кампања, широко покривање на теренот и секое населено место, и врз основа на тоа произлегува проценката за успешен и победнички изборен резултат.

Што ќе добијат граѓаните доколку ВМРО-ДПМНЕ повторно дојде на власт, може ли да се надеваат на подобро утре? Има ли опозицијата план за враќање на младите во државата и како да го спречите иселувањето?

Главните три работи кои се најбитни за намалувањето на миграцијата се: подобри економски можности, еднаква правна сигурност за сите граѓани и фирми, како и повисоки стандарди и услуги во јавните дејности како што се образованието, здравството, јавната безбедност и ефикасна услуга од локалните и државни институции кон граѓаните. Тоа ќе бидат и нашите приоритети на делување, понуда на системски решенија за овие прашања, како и создавање на атмосфера на заедничка политичка и општествена одговорност и лојалност и од државата кон граѓаните, но и поддршка од граѓаните за редот и законите во сопствената општина и во сопствената држава.

Вие сте голем противник и јавно говорите против лажните вести. Сметате ли дека народот премногу верува во сето она што го пренесуваат медиумите? Совет од вас како да ги препознаваат лажните вести?

Во држава во која премиерот, вицепремиерот и министерот за надворешни работи објавуваат селфи со вест “добивме датум за ЕУ“ во 2018 година, а оваа година државата се соочува со политички турбуленции токму и заради недобиениот датум, тешко е да воведете ред и правила во препознавањето на лажните вести. Но, како и да е, сметам дека најдобриот совет е за било која битна тема секој граѓанин да си консултира најмалку два извори на информирање, од два медиуми со различна уредувачка политика. Така се намалува можноста за манипулација со граѓаните, иако во денешното време на глобализирани и брзи медиуми и социјални мрежи, ниедна информативна манипулација не може да трае предолго.

Антонио Милошоски во интервју за Магазин вели дека потребата за предвремени парламентарни избори подолго време ја насетуваа сите посериозни политичари и дипломати, но нивното одржување единствено го негираше премиерот Заев, кој тврдеше дека нема шанси да има избори порано од октомври 2020.

Често пати знаете да ја напаѓате Власта. Изјавивте и дека Макрон ја кажал вистината која премиерот Зоран Заев и актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров ја прикрија од граѓаните, односно дека Референдумот кој се случи минатата година всушност беше за преименување на државата во Северна Македонија, а не како што велеше премиерпт за влез во ЕУ. Сметате ли дека одлуката на последниот самит во Брисел каде Македонија и Албанија не добија зелено светло е дирекно поврзана со лошите политики на Заев и Димитров?

Во овој контекст Заев би го оставил настрана, бидејќи како премиер тој ќе си поднесе оставка за севкупните лоши владини политики, од распространетата корупција, преку нестабилните економски и даночни политики, рекетирањето на фирмите, па се до заборавањето на неговите розеви ветувања кон младите луѓе и студентите. Но, сметам дека министрите Димитров и Бујар Османи имаат директна политичка одговорност за фијаското на последниот Совет на ЕУ во Брисел, за што требаше макар од морални причини да му понудат оставки на премиерот, бидејќи тие двајца го знаеле ставот на официјален Париз и на Макрон неколку месеци пред фијаското во Брисел. Одговорноста на Димитров и Османи е уште поголема за тоа што лани го лажеа народот дека сме добиле датум за ЕУ, а годинава целата тензија во општеството заради тој неуспех се обидуваат да ја амортизираат со префрлање на одговорноста на било кој друг, само тие да не се одговорни. И на крајот, нечесно е народот со месеци да го манипулирате по јавни собири, квази музички фестивали и со пропаганда за референдумот да излезат и да гласаат “ЗА Европска Македонија“, а на крајот да му ја сервирате преименуваната Северна Македонија на тацната на “Мал Шенген“ како успешен проект. Па барем за “Мал Шенген“ не мораа така грубо да ги кршат собраниските процедури, да го силуваат менувањето на уставот и бесправно да притвораат и да амнестираат пратеници согласно нивните политички калкулации. Но, по се изгледа дека на Османи и Димитров фотељите им се поважни од оставките.

Од владејачката партија пред извесно време ве осудија дека вие сте најголем извор на лажни вести, како гледате на тоа, сметате ли дека нападот е “најдобро оружје ” на Власта?

Бранејќи се од честите критики и издржани сомнежи за погрешното работење, Владата создаде цела фабрика на ПР-пропаганда со основна цел секоја критика да ја прогласи за лажна вест, без разлика дали критиката доаѓа од опозицијата, од пратеник, од новинар, од уметник или од стопанственик. Ако се сеќавате и првичните објави за Рекет-1, како што рече премиерот Заев од еден суетен новинар, беа прогласени за лажна вест, па на крајот испадна дека не било лажна вест туку најголем рекетарски скандал со логистика од врќушката на власт. Во периот што претстои очекувам ваквата пропаганда на тимот на Заев да биде уште посилна, но поголемиот дел од општеството веќе се свесни дека станува збор за човек кој често ги менува ставовите и затоа ваквите деградирања на критичарите на Заев нема да го спасат од губењето на довербата. Јас ниту сум изненаден, ниту сум поколебан и ќе во континуитет ќе останам доследен критичар на оваа власт.

Антонио Милошоски во интервју за Магазин вели дека шансите Македонија овој октомври да го добиеше одамна заслужениот датум за преговори со ЕУ ќе беа многу поголеми доколку нашата влада и дипломатија вложеа поголеми напори земјата да не се третира во регионален пакет, туку поединечно.

Дали како партија имате коалиционен капацитет за формирање на влада, дали можеби планирате предизборна коалиција, и доколку после изборите го добиете мандатот за тоа и со која партија од албанскиот блок би коалицирале?

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ моментално има добри и коректни релации и со Алијанса, и со ДУИ, и со БЕСА, и со Алтернатива, и повремено се остваруваат и одвоени средби со претставниците на овие политички партии на кои се разменуваат мислења за актуелната политичка и економска состојба во државата. Мое лично мислење е дека нема потреба од предизборно коалицирање со партиите од албанскиот блок, но без фаворизирање на било кого, сметам дека има солидна основа за коалициони преговори, и со Алијанса, и со ДУИ, и со БЕСА, во зависност од усогласувањето на програмските цели за работата на идната влада. Очекувам после изборите новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да има стабилно собраниско мнозинство и усогласени програмски приоритети на владината коалиција.

Дали се гледате себе си како член на владата, доколку вашата партија има собраниско мнозинство и ја предводи владата, или имате поинакви амбиции?

Рано е за било какви кариерни прогнози, но како политичар кој има свое скромно искуство и во извршната и во законодавната власт, стојам на располагање на мојата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, секако, доколку со досегашното делување пред се сум ја оправдал довербата на гласачите, на членовите и на симпатизерите. Но, сметам дека после изборите би требало да му се даде поголема тежина на Собранието, како движечка законодавна власт и строг и правичен контролор над извршната власт. Колку посилно Собрание, толку пофункционална демократија.

Да се вратиме на ЕУ. Од ваша гледна точка доколку се одвоеа Македонија и Албанија при одредување на датумот за преговори како што тоа го предложи Германија, дали земјава ќе добиеше зелено светло и датум за преговори за влез во ЕУ?

Шансите Македонија овој октомври да го добиеше одамна заслужениот датум за преговори со ЕУ ќе беа многу поголеми доколку нашата влада и дипломатија вложеа поголеми напори земјата да не се третира во регионален пакет, туку поединечно. Тоа е уште една тема на која Димитров и Османи делуваа како расштиман оркестар, бидејќи првиот срамежливо лобираше за раздвојување на пакетот Македонија-Албанија, додека вториот кратковидо, повеќе ги промовираше партиските позиции, отколку државните интереси. Како и да е, многу нивни странски соговорници од членките на ЕУ беа оправдано збунети пред ваквото некорисно двојство во надворешната политика на Македонија. И ова во одредена мерка придонесе од кандидат пред масата за преговори во Брисел, да се најдеме на масата на “Мал Шенген“ со Албанија и Србија. Нема да биде лесно да се поправи оваа дипломатска грешка, Хрватското претседавање доаѓа брзо, но реално не верувам дека дотогаш ЕУ ќе има консензус за новата методологија предложена од Париз, и ќе треба да се вложат максимални напори од целата држава за Македонија евентуално да добие одлука за почеток на преговори во текот на германското претседателство во второто полугодие од 2020 година.

Во Македонија сеуште е актуелна темата околу донесувањето на нов Закон за обвинителство. Вклучен сте во оваа област како предводник на правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ, но засега сеуште немате резултат, а знаеме дека оваа тема е битна и за ЕУ. Дали чувствувате одговорност за за немањето на исход и ќе има ли нови преговори со тимот на власта?

Носител на проектот за реформа на Законот за јавно обвинителство е министерството за правда, а предлог законскиот текст е усогласен владин компромис меѓу коалицијата на СДСМ и ДУИ. Но, за жал морам да констатирам дека министерката Дескоска не се покажа како добар менаџер на овој процес и не успеа да изгради широк консензус за еден ваков системски закон. Не е изненадување што во текот на преговорите за законот за обвинителство имаше межусебно префрлање на одговорноста. Но, ние бевме изненадени што владеачката коалиција не го прифати нашиот предлог, кој го дадовме во март оваа година, целиот предлог закон да се испрати на стручно правно мислење од Венецијанската комисија, како европска институција со најдобри стандарди и експертиза по ваквите теми. Кога Венецијанската комисија ќе се изјаснеше за тоа што се принципите на хиерархија, субординација, овластен тужител, одговорност и интегритет при вршењето на јавно-обвинителската дејност, немаше да има простор за надмудрување околу тоа дали за некој стандард повеќе е во право правниот тим на СДСМ, ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ. Но, министерката Дескоска го одби ваквиот предлог со тврдење дека мислењето ќе стигне дури во септември, а тоа ќе било прекасно. Сега гледаме дека поминаа и септември, и октомври, ќе помине и ноември, а ситуацијата е статус кво. Засега не сме добиле покана за дополнителни разговори од министерството за правда, но доколку добиеме ќе учествуваме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Мислам дека ова е вештачки продолжен прв бран ( со престроги мерки). Всушност вакви бројки требаше да се има/очекува на почеокот на пандемијата, во најголемиот број на државите првиот бран со правилна амплитуда на зголемување, постигнување врв и спуштање на бројот на позитивни и заболени траеше 2,5 до 3 месеци.

ВЕЛО МАРКОВСКИ ЗА МАГАЗИН: Се соочуваме со вештачки продолжен прв бран- вакви бројки требаше да има на почеток на пандемијата!

На почетокот мерките беа соодветни, и слични како во најголемиот број на земји околу...

Психологот Бојана Стојменовиќ за Магазин.мк дава совети како квалитетно да го поминете времето дома и како да го победите стравот од целата ситуација.

БОЈАНА СТОЈМЕНОВИЌ ЗА МАГАЗИН: На овој фронт се бориме со сопствената самосвест и самоконтрола!

Ова е период кога низ целиот свет владее страв од новиот Коронавирус (COVID 19). Многу од...

Тој посочи дека овој пат во фокусот на Фчерашни ќе биде корупцијата и ќе се третираат сите проблеми во секојдневното живеење, но сепак најмногу ќе се разобличува корупцијата, како „рана што одамна ни се гледа“.

Огњановски: Овој пат нема да штедиме никого, корупцијата ќе биде во фокусот на Фчерашни

Во интервју за МИА, главниот и одговорен уредник на емисијата Фчерашни новости, Бранко...

Европската Унија не му пристапи на проблемот од аспект на рационалност и праведност, туку се држеше на страната на својата членка Грција, која ја блокираше Македонија

Еклузивно со Маријана Претир: Македонците се силен, самоуверен и горд народ и никој неможе да ги уништи!

Преспанскиот договор е наметнат со странски пристисок, а предвидува комплетно редефинирање...