Сакам само да сум чисто облечен, бидејќи тоа го бара мојата професија, да бидам педантно и складно облечен, а само еднаш сум бил на годишен одмор на Тасос (Р.Грција) со поранешниот Премиер Љупчо Трпевски и толку.“

Објавил: admin@magazin | 27 октомври, 2019 9:11

ИНТЕРВЈУ СО ЗЕГИН: Не сум богат и немам пари, на мое име немам ниту 1 денар, сите пари ми се инвестирани во моите фирми

Фото/Текст извор: ©ирл.мк

Кога во 1989 година се насетуваа првите сигнали дека доаѓа крајот на Југославија, тогаш младиот фармацевт и претставник на словенечката веледрогерија „Кемофармација“ одлучува да формира своја фирма „Зегин“.Во интервјуто за интернет порталот ИРЛ, сопственикот на ланец аптеки „ЗЕГИН“, Благој Механџиски-ЗЕГИН раскажува за основањето на компанијата, која успешно трае и до ден денес.

„Кога јас во тој период решив да отворам своја фирма и да заминам од „Кемофармација“ дома моите сите плачеа. Јас тогаш имав 15.000 марки плата. Толкава плата немаше никој во Македонија“, се потсетува сопственикот на „Зегин“ Благој Механџиски.

Отворањето на првата приватна фармацевска фирма во социјалистичка Македонија не било дочекано со љубезно добредојде. Механџиски вели дека неколку пати бил повикуван во полициска станица за да ги објасни мотивите за стартување на сопствен бизнис.

Првите лекови почнува да ги увезува со помош на „Кемофармација“, а во 1992 година ја отвора првата аптека. Денес „Зегин“ има ланец од 250 аптеки, од кои 150 во Македонија и 100 во Србија во кои има 3000 вработени. Механџиски поседува и млекара, негова е и винаријата „Лозар“, а има и поликлиника и ортопедија

.Тој вели дека кога го стартувал бизнисот не му помогнале ни ВМРО-ДПМНЕ, ни СДСМ и дека за неговиот успех никому не му бил должник. Сопственикот на „Зегин“ вели дека имал понуди да влезе во политика, но решил да остане да партиципира во општествените текови само како бизнисмен.

На прашање од новинарката, „Колку е богат?

„Јас на моето конто немам ниту денар, сите пари се во инвестиции. Сакам само да сум чисто облечен, бидејќи тоа го бара мојата професија, да бидам педантно и складно облечен, а само еднаш сум бил на годишен одмор на Тасос (Р.Грција) со поранешниот Премиер Љупчо Трпевски и толку.“

Погледнете го целото интервју подолу:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...