Моите чеда, сите поседуваат талент за глума.. но ги советував да не тргнуваат по тој пат, неизвесност, зашто многу е тешко да бидеш артист а да не добиеш слава.

Објавил: admin@magazin | 3 април, 2022 10:15

Интервју со Лазар Бараков за Магазин: Додека родителите мислеа дека студирам медицина, јас го снимив првиот филм!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот актер и омилениот лик од народните приказни Лазар Бараков, во интервју за Магазин открива интересни детали од неговите почетоци, падови и подеми. Тој раскажува како е да се биде дел од приказните и да игра со легендите како Ѓорѓи и Шенка Колозови, Ванчо Петрушевски и Гоце Тодороски, но исто така за нашиот портал открива дел од неговите идни планови.

Нашиот познат актер Лазар Бараков во интервјуто ни открива колку е среќен и горд татко на трите деца, кои за жал не продолжија по неговите стапки, но сепак се успешни личности и пред се добри и воспитани деца.

Лазар ни открива исто така дека никогаш со сопругата не се мешале во желбите на нивните деца и дека секогаш во животот ја имале нивната поддршка.

Лазар Бараков е роден во Мокрино, Струмичко и македонски филмски глумец, најпознат по улогите во Македонски народни приказни. 

Лазар Бараков долги години беше омилениот лик на Македонските народни приказни, заедно со Ѓорѓи Колозов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски.

1. Интересна е вашата животна приказна, се запишувате на медицина, но завршивте како актер криејќи се од вашите родители.. Толку ли беше силна љубовта кон актерството за да направите таков чекор?И дали се каете поради таа одлука од денешен агол?

Актерството за да го работам , не ми било како мисла, дека во животот морам да бидам само актер. Актерството ми било врежано подсвесно уште од предшколските детски игри, кога од љубопитност кон пишаниот збор сум научил да читам уште пред да тргнам на училиште, сум имал достап до разна постара и нова литература и така тие типажи, ликови се врежани во мене. Како дете сум имал желба се’ да бидам и затоа во мојот живот сум пробал секакви работи, глумата сум ја чувал во тајност , за ако не успеам за не бидам за подбив од моите. И затоа се’чував во тајност , се додека не се појавив во еден бугарски филм како ученик во Софија. Тогаш моите беа изненадени, оти знаеја дека сум на медицина ( каде што бев само три дена). Само татко ми беше среќен и ми пожела еден ден да го играм Сандански, негова омилена историска личност…..

2. Колку време бевте дел од Македонските народни приказни?

Многу години, повеќе од дваесет прекрасни години. Мојот животен и професионален пат е трнлив. Свесен сум дека во животот не сум смеел да имам желба и да ми биде остварена. И затоа сум се потпирал на некаква интуиција, нешто потсвесно што ме води напред…

Дел од снимањата на Македонските народни приказни. Бараков често глумеше ѓавол, слуга, шпараџија и каскатија. Прекрасни спомени со дел од актерите.

3. Може да ни раскажете некоја интересна анегдота од снимањата?

Интересни анегдоти има многу, како во “Стариот ерген” каде Ванчо го игра скржавиот ерген и не сака да се жени за жена која ќе јаде леб и ќе му прави многу трошкови. Арно ама другарите му најдоа жена која нема да јаде леб, таман се договорија и главниот стројник кога рече за свадба во недела, ергенот Ванчо веднаш извика; Нема свадба , вујчо ми Бараков три пати се женеше еднаш свадба не направи, не може…(демек јас сум бил поскржав од него) , а тоа е импровизација на лице место итака останува во приказната..

4. Може да ни го раскажете животниот пат како актер и какви бевте на Академијата?

На Академијата бев послушен ученик. Сега се сеќавам дека некои лекции ми се длабоко врежани од мои стари професори… и нема бегање од тоа… кога ни кажувале дека секоја мала улога направена добро. Дебело ја засенува главната и не треба да се срамиме од мали улоги.

Јас ги сакав сите улоги и ми беше голема чест и гордост, кога бев поканет од МРТВ и од екипата на Колозов да бидам постојан член на да другарувам со овие извонредни актери и луѓе, раскажува за Магазин, Лазар Бараков.

5. Често игравте улога на сиромав, слуга, ѓавол… зошто токму овие улоги ги одбивавте Вие?

Како најмлад од групата( за шест до седум години) , секогаш бев дежурен да ги пречекувам вицовите на моја сметка..

како: како најголем шпараџија , каскатија… што значи, колку повеќе честев на маса , толку повеќе ќе бев прогласен за скржав… Другарите ми беа повеќе од духовити, повеќе од поголеми деца, повеќе од дваесет години минати со прекрасни мигови…

Прекрасното семејство на Лазар Бараков. Неговата сопруга и трите деца, Македонка која е психолог, Викторија има завршено како архитект, Александар кој е се уште студент.

6. Вие имате три прекрасни деца кои и тие биле дел од народните приказни, дали вашите деца продолжија по вашите стапки?

 Моите чеда, сите поседуваат талент за глума.. но ги советував да не тргнуваат по тој пат, неизвесност, зашто многу е тешко да бидеш артист а да не добиеш слава. Тие како мали беа дел од некои приказни, сега Македонка е психолог, Викторија е архитект, Александар е уште студент и се бара уште во животот , работи уште врз себе…

7. Дали ви фалат актерите и другарувањата на Македонските народни приказни?

Да, другарувањето, работата со Колозов, Шенка, Ванчо, Гоце секако ми фали, тоа време од дваесетина години мина како еден убав сон…

8. Што во моментов работи Лазар Бараков?

Во моментот имам започнато некои работи на филм, да бидат завршени , ќе зборуваме повеќе.

За поздрав да си посакаме добро здравје и работиме, оти работата не одржува во добро здравје и долг живот.

Поздрав до вашиот прекрасен портал Магазин.мк

Архива: 10 нормври – 2019

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...