„Ако мојата влада се плашеше од политичката цена, не ќе можеше ниту да ја извади земјата од кризата и економските програми, ниту да најде решение за осигурителниот систем.

Објавил: admin@magazin | 1 април, 2019 17:53

Интервју со Ципрас: „Вратоврската од Заев ја чувам во фиока да ме потсетува на овој историски момент„

Фото/Текст извор: ©миа

Во пресрет на утрешната посета на Скопје, грчкиот премиер даде интервју за Македонската информативна агенција во врска со претстојните разговори со неговиот колега Зоран Заев и делегациите од двете земји и идните планови за соработка, а говори и за важноста на Договорот од Преспа.

Ципрас потенцира дека посетата е од историско значење, базирана на нова стратешка визија за двете земји, открива дека ќе дојде со 10 министри и ќе се потпишат низа договори во различни области.
Вели дека Грција и Македонија мора да бидат партнери и сојузници, упатува порака дека Атина треба да има стабилен и безбеден северен сосед, а Македонија има потреба од силен сосед што ќе ги поддржува нејзините чекори кон европската перспектива.

Како што и самиот рековте од Економскиот форум во Делфи, ќе бидете првиот грчки премиер што официјално ќе ја посети Македонија. Станува збор за историска посета и за двете земји. Ќе дојдете со делегација од министри и бизнисмени. Кои ќе бидат темите на агендата? Ќе потпишете некои спогодби?

„Тоа е посета од историско значење, базирана на нова стратешка визија за нашите земји. Грција и Македонија мора да бидат партнери и сојузници. Освен тоа, резултатот од Договорот од Преспа не е само решавање на прашањето за името и отклучување на европската и евро-атлантската перспектива на Македонија. Договорот ги постави темелите за воспоставување на силни билатерални односи што предвидуваат соработка и на меѓународно, европско и регионално ниво. Во овие рамки, ќе се одржи и првиот состанок на нашиот Совет за соработка на високо ниво со учество на 10 министри од повеќе области (економија, енергетика, одбрана, надворешна политика, инфраструктура/ транспорт, земјоделски развој, дигитална политика, здравство) и ќе се одржи првиот бизнис форум со десетици бизнисмени од нашите земји.

Ќе се договориме за Акцискиот план што ќе ги вклучува сите категории на нашата соработка, Договор за одбранбена соработка, Договор за отворање и на нов граничен премин што ќе ги поврзува Промахи со Мајден, Меморандум за соработка за пристапниот процес на Македонија, енергетиката, развојот на инфраструктурата, нашите Служби за цивилна авијација.
Секако, брзо напреднавме со многу важни промени предвидени од договорот. Но, и договорот, како секој договор, со текот на времето ќе се најде на тест во критични области. Затоа, скапоцен е дијалогот и довербата што ги воспоставивме, а ги воспоставивме на сите нивоа, почнувајќи од моето со Зоран. Значи, ќе треба да разговараме за различни аспекти на спроведувањето на Договорот од Преспа, на кои ќе треба да се фокусираме. Ќе се потпишат и првите одлуки на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за учебниците и ќе го соопштиме формирањето на „Комисијата за трговски ознаки“ што ќе работи на оваа исклучително важна тема.
Паралелно, ќе разговараме за регионалните случување и ко-развојот на регионот, со оглед на големите промени на енергетската мапа. Ќе разговараме за квадрилатералните формации што ги воспостави Грција со Македонија – Албанија – Бугарија на ниво на МНР и со Бугарија – Романија – Србија на ниво на премиери. Ќе разговараме за Берлинскиот процес, рамката 16+1 на Кина и секако големите економски перспективи што се отворија на Меѓународниот саем во Солун во 2018, на кој почесна земја беше САД.“

Колку е важна улогата на Грција за европската перспектива на Македонија, но и за економскиот развој на земјата?

„ЕУ поминува тежок период и многу сили имаат тенденција да ги одберат интровертноста или изолацијата како одговор на предизвиците на нашето време. Аргументите во корист на проширувањето – дури и за земји како Македонија што се доследни во нивните обврски – денес наидуваат на многу поголем отпор во споредба со минатото. Мислам дека активирањето на грчката дипломатија во 2018 гопдина со цел да се одлучи почеток на пристапниот процес на Македонија во јуни, но и неодамнешното формирање на Групата пријатели на Македонија во ЕУ, укажуваат на важноста што ја има Грција.
Во однос на економскиот развој, сите Ваши граѓани ја знаат улогата што грчките компании веќе ја имаат во Вашата земја. Мислам дека можеме да одиме уште понатаму и тоа ќе се истакне на Бизнис форумот.“

Договорот од Преспа предизвика „земјотрес“ на грчката политичка сцена. Го очекувавте ова? Имаше ли договорот политичка цена? Се плашите дека за Вас лично, но и за СИРИЗА, политичката цена ќе се покаже на следните избори?

„Ако мојата влада се плашеше од политичката цена, не ќе можеше ниту да ја извади земјата од кризата и економските програми, ниту да најде решение за осигурителниот систем, ниту да се справи со бегалската криза, ниту да го реши името, ниту да го промовира неопходниот дијалог со Турција и покрај големите тешкотии, ниту да ги направи радикалните промени што беа потребни во областа на човековите права.
Договорот инспирираше многумина кои препознаа дека е изводливо да се решат меѓународните разлики со заемно почитување, обезбедувајќи ги своите интереси без да ја понижиш другата страна. Сепак, имаше политичка цена, бидејќи еден значаен дел од грчкиот народ беше и е сериозно загрижен за ова прашање. Наша одговорност – моја и на Зоран – е да покажеме дека нашите народи може само да добијат од патот што се отвори. Исто така, наша одговорност е да им одговориме на силите на национализмот кои во денешниот свет се зајакнуваат и целат кон тоа да не вратат во мрачните времиња.“
Да преминеме на преговорите. Постоеше некој момент што би можеле да го карактеризирате како особено тежок или критичен?
„Сметам дека поминавме многу критични моменти. Особено последните денови пред да го затвориме договорот, каде што постоеја критични нерешени прашања со кои требаше деликатно управување. Но, ова помогна едната страна да ги разбере чувствителностите на другата страна и да најдеме решенија.“

Заедно со Вашиот колега Заев, бевте наградени на Безбедносната конференција во Минхен, кандидати сте за Нобеловата награда за мир, факти што го означуваат и меѓународното признание на Договорот од Преспа. Верувате дека договорот ќе помогне да се решат и другите прашања на Балканот, регион што често се карактеризира како „буре барут“ во Европа?

„Не сметам дека Договорот од Преспа, таков каков што е, мора да биде модел за другите спорови, што имаат свои карактеристики, други ризици и се однесуваат на други геополитички рамки. Но, сметам дека смислата на заемното почитување и барање на заемно прифатливо решение, на кое што се базира договорот, треба да биде основа за решавање на меѓународните разлики. Јасно, со договорот се создава една динамика во нашиот регион и да се надеваме овој договор дека ќе може да помогне во други меѓународни прашања.“

Која е пораката што би сакале да ја испратите до народот од Македонија во пресрет на вашата посета?

„Пораката е јасна дека треба да изградиме доверба меѓу нас, а Македонија да гледа напред. На нашиот регион потребна му е соработка и стабилност. Грција треба да има стабилен и безбеден северен сосед, а Македонија има потреба од силен сосед што ќе ги поддржува нејзините чекори кон европската перспектива.
Во рамки на Договорот од Преспа и перспективите што ги отвора, Грција ќе биде вашиот основен сојузник и заштитник за политичката стабилност, за економската соработка и развој, за воената соработка и безбедност. “

Кога повторно ќе ставите вратоврска? Онаа што ви ја даде господинот Заев, сѐ уште ја имате?

„Немам некое табу, но моето јавно појавување, веќе е врежано без вратоврска. Сепак, имам богата колекција од вратоврски што ми ги подарија низа лидери, меѓу кои и Зоран. Вратоврската на Зоран не ми е во плакарот, туку во фиоката од моето биро, за да ме потсетува на историскиот момент, на храбриот чекор напред за пријателство и соработка на нашите народи, што беше потпишувањето на Договорот од Преспа.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...