Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Објавил: Владо Марин | 30 август, 2021 5:11

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови со вода, заврши протестот пред грчкиот Парламент во центарот на Атина против вакцината и против задолжителната имунизација.

Инцидентите започнаа кога демонстрантите почнаа кон полицијата да фрлаат предмети и шишиња, по што специјалните сили одговорија со солзавец и шок бомби, а тензијата од пред Парламентот се пренесе и по околните улици.

Полицијата интервенираше и со неколку цистерни со топови вода, а уапсени се најмалку две лица.

Вчерашниот протест беше организиран преку социјалните мрежи, од една страна од оние кои се целосно против вакцината и од друга од оние кои не се против вакцината, но не се согласуваат со задолжителната вакцинација.

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти