Според процедурата, Борисов од полициска станица би требало да излезе околу 21 ч

Објавил: Македонка Димкин | 18 март, 2022 16:54

Инциденти во Собранието во Софија по апсењето на „братот„ на Заев Борисов

Фото/Текст извор: ©макфакс

Протести и тензии во бугарскиот законодавен дом предизвика вчерашното приведување на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Пратениците од неговата партија ги нападнаа колегите од власта пред собраниската говорница, но брзата реакција на обезбедувањето спречи физичка пресметка.

Од партијата на Борисов протестира пред Владата, Обвинителството и народ се собра и пред полициската станица каде е задржан Борисов.

Меѓу приведените е и поранешниот бугарски министер за финансии Владислав Горанов, како и поранешната претседателка на собраниската Комисија за буџет Менда Стојанова и поранешната шефица на владината служба за информирање Севдалина Арнаудова.

Борисов беше уапсен само 6 часа откако во Бугарија претстојуваше главната европска обвинителка Лаура Ковеси.

Адвокатот на Борисов тврди дека приведувањето следи по пријава на контроверзниот бизнисмен Васил Бошков од кој поранешниот бугарски премиер наводно изнудил 30 милиони евра. Локалните медиуми пишуваат дека обвинителството располага со цврсти докази дека Борисов сторил серија кривични дела со кои предизвикал штета на буџетот од 220 милиони евра. Меѓу сослушаните сведоци бил и актуелниот премиер Петков.

Според процедурата, Борисов од полициска станица би требало да излезе околу 21 ч доколку обвинителството не се произнесе поинаку. 

Со оваа специјална операција опфатени се повеќе од 120 пријави до Европското обвинителство, а се однесувале на злоупотреба на европски фондови во сферата на земјоделието и градежништвото. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.