Како што информираат од МВР,две возила се искршиле, едното возило со скопски регистарски таблици било оштетено на булевар Гоце Делчев, при што е повредено едно лице. Второто е службено возило на МВР кое било искршено пред Собранието.

Објавил: Весна Петровска | 3 јуни, 2019 19:23

Инциденти за време на прославата по победата на Вардар, има повредени

Фото/Текст извор: ©онлјан магазин

МВР денеска соопшти дека за време на вчерашната прослава имало неколку инциденти во Скопје.

Како што информираат од МВР,две возила се искршиле, едното возило со скопски регистарски таблици било оштетено на булевар Гоце Делчев, при што е повредено едно лице. Второто е службено возило на МВР кое било искршено пред Собранието.

„За време на прославата, пријавено е дека било оштетено патничко моторно возило Ауди А3 со скопски регистарски ознаки на булеварот Гоце Делчев. Возилото било оштетено од повеќе лица кои фрлале кон него со бекатон плочки. Притоа со телесна повреда на левата рака се здобил Ф.М. (18). Во врска со настанот од страна на единицата АЛФА биле приведени пет малолетници на возраст од 14 до 17 години, сите од Скопје. На улицата 11-ти Октомври пред Собранието било оштетено патничко моторно возило Шевролет спарк сопственост на МВР“, велат од Министерството.

МВР исто така апелира фо граѓаните на денешниот пречек на ракометарите и славјето на плоштадот “Македонија”, да не се употребуваат навредливи пароли, скандирања или пеење на песни со кои шират говор на омраза, затоа што тоа ќе биде санкционирано, но и да се воздржат од употреба на пиротехнички средства.

Со ист ваков апел излезе и  Хелсиншкиот комитет кој  бара институциите да го санкционираат поттикнувањето на насилство и ширењето меѓуетничка омраза.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...