Девојчето веднаш било однесено во Градската општа болница каде лекарите и укажале  помош.

Објавил: Весна Петровска | 24 октомври, 2019 17:01

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОБУС НА ЈСП: Девојче згмечено од вратата на автобусот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Несреќа во градскиот јавен превоз во Скопје, девојче додека излегувала од автобусот била згмечена со вратата, шоферот најверојатно не видел дека уште некој се симнува од возилото.

Овој случај е пријавен во полиција.

– Во СВР Скопје, С.А.(42) од Скопје вчера пријавила дека околу 15.30 часот нејзината малолетна ќерка, при излегување од автобус на ЈСП, кој имал правец на движење од Бит Пазар кон Чаир, додека автобусот стоел, при симнување, била притисната од вратата, а потоа и паднала.

Девојчето веднаш било однесено во Градската општа болница каде лекарите и укажале  помош.

Се работи на расчистување на случајот.

Пред месец дена во гардкиот јавен превоз беше повреден и еден дедо кој бил со тешки повреди однесен во болница.

Скопјанецот Г.Б. (77) паднал во автобус и се повредил.

Од полицијата информираат дека несреќата била пријавена вчера, а се случила на 10-ти месецов околу 13:30 часот.

-На ул. „101“ во Волково, во приватен автобус со бр.22, Г.Б.(77) од Скопје, кој бил патник во автобусот, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување помош, информираат од полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...