Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера во говорот пред Генералното собрание на ОН изјави дека САД водат "економска војна" против Иран со еднострани санкции

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 септември, 2018 10:32

Иранскиот Риал на рекордно ниско ниво

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ирански риал достигна рекордно ниска вредност во однос на доларот, поради влошувањето на економската ситуација во Иран и повторно воведување американски санкции.

За еден долар се добиваат 170.000 риали. Риалот од почетокот на годината загуби 75 проценти од својата вредност.

Иранската валута паѓа со месеци поради лошата економија, финансиските тешкотии и високата побарувачка за долари меѓу Иранците, стравувајќи дека повлекувањето на САД од нуклеарниот договор 2015 година и обновените санкции на САД би можеле да го намалат извозот на иранската нафта и други стоки.

Санкциите против иранската нафтена индустрија треба да стапат во сила во ноември.

Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера во говорот пред Генералното собрание на ОН изјави дека САД водат “економска војна” против Иран со еднострани санкции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.