Рохани: Иран го задржува правото да го збогати ураниумот во мировни цели

Објавил: admin@magazin | 26 јуни, 2018 16:45

Иран нема да подлегне на притисокот на САД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска остро го критикуваше повлекувањето на американскиот претседател Доналд Трамп од нуклеарниот договор со Иран, порачувајќи дека Иранците нема да подлегнат на притисокот на САД туку ќе ја бранат својата независност и исламските вредности.

Во говорот, кој во живо беше пренесуван од иранската државна телевизија, Рохани рече дека постапката на Трамп, кога се работи за меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран, е „ужасна и незаконска“ и дека и наштетила на глобалната репутација на Америка.

Иран, нагласи Рохани, го задржува правото да го збогати ураниумот во мировни цели.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.