Имено Иран се закани дека доколку САД се одмаздат за синоќешниот ирански ракетен напад врз две бази со американски војници во Ирак ќе ги бомбардира Израел и Дубаи, доколку САД 

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јануари, 2020 12:17

Иран со нови закани: Ако САД возврати на ударот, ќе ги нападнеме Израел и Дубаи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вечерашниот напад на Иранската Револуционерна гарда врз базата Аин ал-Асад, којашто ја користат американските трупи во соседен Ирак поради одмазда за американското убиство на генералот Касем Сулејмани, сега Иран упатува и нови закани.

Американската армија потврди дека Иран нападнал воени бази во Ирак во кои се сместени војници на САД. Нападите се извршени со проектили „земја-земја”.

Имено Иран се закани дека доколку САД се одмаздат за синоќешниот ирански ракетен напад врз две бази со американски војници во Ирак ќе ги бомбардира Израел и Дубаи, доколку САД 

– Ги предупредуваме сите сојузници на САД кои дадоа бази на нивната терористичка армија, дека секоја територија што служи како почетна точка за агресивни дејствија против Иран ќе биде гаѓана, соопшти Иранската национална гарда.

Иранската гарда исто така се закани дека ќе ја бомбардира Хаифа во Израел и Дубаи во Емиратите, објави „Дејли меил“.

Инаку денеска шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Иран мора да се придржува до нуклеарниот договор од 2015 година.

-За Иран е важно да се врати кон нуклеарниот договор. Мора да го увериме Иран дека тоа е за негов сопствен интерес, изјавува Фон дер Лајен.

Генералниот секретар пак на ОН, Антонио Гутереш предупредува на ризикот од погрешни проценки сред глобалните тензии кои се наоѓаа на „највисоко ниво“.

-Престанете со ескалација. Бидете максимално воздржани. Повторно започнете дијалог. Обновете ја меѓународната соработка и избегнете нова војна, порача Гутереш.

 Јенс Столтенберг , генералниот секретар на НАТО, исто така повика на воздржаност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.