Косовската опозициска партија Движење Самоопределување (ВВ) утре ќе организира протест во главниот град на Германија, Берлин,

Објавил: admin@magazin | 28 април, 2019 18:37

Иселениците албанци утре ќе протесираат во Берлин, пред канцеларијата на Ангела Меркел !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што соопшти партијата на Албин Курти, утре во Берлин ќе се одржи протест пред канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел.

Утре косовската опозициска партија Движење Самоопределување (ВВ) на чело со Албин Курти, ќе организира протест во главниот град на Германија, Берлин.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во рамките на самитот на лидерите од Западен Балкан, ќе се сретнат претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ.

Албин Курти повторно е лидер на косовското движење„Самоопределување“.

– Нека се слушне и гласот на иселениците, се наведува во соопштението на ВВ, со кое, под мотото „Против пазарењата на Тачи и Вучиќ“, се повикуваат косовските иселеници во Германија на протестот закажан за во 18 часот, кога се очекува Тачи и Вучиќ да се сретнат во зградата во која се наоѓа кабинетот на Меркел.

Како што соопшти партијата на Албин Курти, протестот ќе се одржи пред канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, која заедно со францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде домаќин на самитот, на кој се очекува главна тема да бидат односите меѓу Косово и Србија.

Албин Курти пред една година повторно беше избран за претседател на Самоопределување. Тој беше еден од основачите на движењето и прв негов претседател. Курти, кој е основач на партијата, познат е по неговите изјави за обединување на Косово со Албанија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.