​„Професорот Денко Малески е надворешен советник на претседателот Пендаровски, кој има уште двајца надворешни советници за прашања од областа на надворешната политика.

Објавил: Перо Милчин | 30 април, 2020 13:19

Искажаните ставови на Малески, не се размислувања и ставови на Пендаровски!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорот Денко Малески во изјава за една бугарска национална телевизија вели дека Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се Бугари и дека ние мораме тоа да го прифатиме за да немаме вето од Бугарија во евроинтеграцискиот процес.

Последните јавно искажани ставови на професорот Денко Малески не кореспондираат со размислувањата и ставовите на претседателот Стево Пендаровски за македонско-бугарските односи, одговори претседателскиот кабинет на прашањето на Радио Слободна Европа за ставот на претседателот Пендаровски во врска со коментарите на професорот Малески, кој е негов надворешен советник.

​„Професорот Денко Малески е надворешен советник на претседателот Пендаровски, кој има уште двајца надворешни советници за прашања од областа на надворешната политика.

Во Кабинетот, постојани советници за овие прашања се амбасадорот Гоце Карајанов и д-р Александар Љ. Спасов со кои претседателот е во комуникација на дневна основа. Освен споменатите, претседателот се консултира и со многу други експерти и професори од академската заедница и од МАНУ. Последните јавно искажани ставови на професорот Малески не кореспондираат со размислувањата и ставовите на претседателот Пендаровски за македонско-бугарските односи“, ни одговорија од претседателскиот Кабинет.

Сепак, велат од Кабинетот, тој факт не значи дека претседателот Пендаровски не треба да соработува со професорот Малески.

„Одамна е зад нас времето кога сите советници на претседателот и премиерот, до последен, имаа задача само да ги повторуваат ставовите на своите претпоставени“, се вели во одговорот од Кабинетот на Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести