Амбасадорот на Франција, Тимоние се смета за предводник на проевопската "струја" на дипломати кои се оддалечуваат од политиките на САД, но ги форсираат ЕУ и НАТО интеграциите

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 декември, 2018 11:36

Искрени преговори, а не реципрочна амнестија меѓу мафијаши, порача Франција

Фото/Текст извор: ©slobodnaevropa.mk

Целта на амнестијата треба да биде своевидно помирување кое е доста сложено и треба да донесе коегзистенција којашто ќе оди во насока на суштинската цел во земјата, а тоа е интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Сето ова не може да се постигне без искрени преговори меѓу големите политички партии, но треба да ја имаат истата цел.

А не тоа да не стане, реципрочна амнестија меѓу мафијаши, туку да биде за задоволување на генералниот интерес. – вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во неделното интервју на РСЕ.

Амбасадорот на Франција во Македонија, воедно одговори и на темите кои во сегмент го одобруваат доделувањето политички азил за политички прогон на поранешниот премиер, Никола Груевски.

На прашањето каде забележува затајување во спроведувањето на реформската агенда, Тимоние одговара.

Она што се чини најмногу е во правосудството, затоа што тоа е најочекуваната област. И втора точка е прашањето поврзано со департизацијата на администрацијата, затоа што замената се случи според форми кои наликуваат на претходните можеби, веројатно постојат одредени причини за да се одговори на партизацијата од минатото.

За да можат да се случат промени беше неопходно да се сменат луѓе во администрацијата, но дали таа промена на кадрите беше направена врз основа на компетенциите или можеби политичката припадност, не знам, тоа е се уште отворено прашање.

Воедно францускиот амбасадор јасно одговара и на прашањето дали се сомнева за нова партизација на администрацијата?

Јасно кажано – да.

Во однос на судството Тимоние одговара и за обвинувањата од страна на опозицијата  дека досегашното „сваровски“, како што го нарекуваше тогашната опозиција, се замени со „Кацарска судство“, како што сега го нарекува опозицијата. Како го коментирате тоа, особено што обвинуваат дека прави политички прогон на членовите на ВМРО – ДПМНЕ?

Сето ова се случува во период кога една партија била долго време доминантна и во своевидна политичка култура кога-тогаш ќе дојде време за порамнување на сметките. Но правосудството понекогаш ќе стане инструмент во тоа подмирување на сметките, со понекогаш истата цел да се случи некаква чистка и тогаш правосудството јасно е дека ќе се најде инструментализирано, а понекогаш инструментализирано судството од теми кои не секогаш се политички, туку понекогаш се чиста љубомора за вработување или чисто од економски аспекти.

И понекогаш правосудството и покрај добрите намери сака добро да функционира може да биде предмет на инструментализација. Треба да се задржи одредена разноликост, затоа што добри ни е познато дека економските проблеми се поврзани со политичките и честопати тие проблеми се взаемно поврзани и дека ни една партија не може да биде исклучена од тоа, ако се навратиме во едно подалечно минато има што да се каже. На пример сопственоста на разни политички партии, особено на големите политички партии, најверојатно сето тоа заслужува огромно истражување. Можеби работите би требало поинаку да се водат, јас понекогаш сум скептичен за прејакото судство во политичкиот пејзаж, знаете понекогаш не можеме толку будно да гледаме на минатото и ризикуваме да западнеме во тоа минато и ќе ни биде потешко да го свртиме погледот кон иднината.

Тоа не значи дека треба да бидеме слепи кон минатото, особено за најтешките работи коишто се сториле, затоа што така не ќе може да одиме кон иднината, но ако навистина се концентрираме само на последните години тогаш ризикуваме да бидеме обвинети за реваншизам и општеството ќе се најде во многу лоша клима. Ако сепак отидеме предалеку во таа разврска, тогаш никогаш не ќе ја завршиме работата.

Во тој контекст што мислите за помирувањето кое се подготвува во Собранието како закон за амнестија, ставот на Франције а следен.

Франција посакува само една работа за оваа земја, а тоа е стабилност, и тоа правна стабилност. Земјата треба сама да си ја најде својата стабилност и тоа преку своето право. Ние самите поминавме тешки моменти од нашата историја кога требаше да носиме селективни и тешки решенија и одлуки, но впрочем и тоа значи да се носиме со одговорноста на власт.

Оттука доаѓа и целата наша големина, затоа што тоа носи ризици, ако ништо не правиме, тоа носи рани во општеството кое не ќе може да напредува, но ако, пак, навистина само ги тргнеме на страна одредени настани тогаш тие настани ризикуваат повторно да се случат. Се разбира дека има технички аспекти во ова прашање, но и исто така и прашања кои се поврзани со рамнотежата меѓу политичките партии. Сето ова не може да се постигне без искрени преговори меѓу големите политички партии, но и треба да ја имаат истата цел.

А не тоа да стане, реципрочна амнестија меѓу мафијаши, туку да биде за задоволување на генералниот интерес. Решенија може да се најде само преку широки преговори, затоа што амнестијата може да има и сукцесивни етапи, и целта на амнестијата треба да биде своевидно помирување кое е доста сложено и треба да донесе коегзистенција којашто ќе оди во насока на суштинската цел во земјата. А која е таа цел? Европската интеграција и интеграција во НАТО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.