Судскиот процес против Дудуш ќе продолжи за десетина дена но пред да почне судењето за повредите и психичките трауми на нападнатиот во мај градоначалникот Курто Дудуш ќе одговара и за друг физички напад во кој жртва е странски државјанин.

Објавил: Весна Петровска | 29 октомври, 2019 9:01

Искрено со жртвата на Курто Дудуш – ми нудеа пари за да ја повлечам тужбата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Интервју за Алфа ТВ на Сенат Јашар , жртвата на Курто Дудуш.

– Беше повикан и не дојде од негова страна, очекувам утре да дојде и да биде присутен и Судот да ја донесе правата одлука, јас сум оштетен од неговата страна, рече Јашар.

Исто така Јашар додаде во интервјуто дека Курто Дудуш дго тепал со шлаканици и боксови. 

-Ме натера да отворам фирма, требаше да се земе тендер на таа фирма и да бидам јас одговорен, директортката на болницата не го додели тендерот, и ни почнаа проблемите, изјави жртвата.

Градоначалникот на општина Шуто Оризари го одложил судењето за физички напад кон својот некогашен соработник кој доби телесни повреди по блиска средба со него, пишува Алфа.

За потсетување Економски Лидер објави снимка, каде се слуша како Кутро Дудуш тепа и киднапира лице.

Курто Дудуш кој е висок функционер на СДСМ прво побарал вонсудски договор со неговиот некогашен соработник кого на крајот на април физички и вербално го нападнал по што од судот добил одлагање затоа што го менувал адвокатот.

Според аудио материјалите што ги објави Лидер на почетокот на мај оваа година Курто Дудуш во присуство на уште четворица други луѓе го просториите на општина Шуто Оризари го тепал и му се заканувал на лице кое предходно му било личен возач.

Градоначалникот Курто Дудуш му нудел парична надокнада на нападнатиот за да се повлече од тужба тврдат негови блиски кои велат дека со недели тој добива непристојни понуди од емисари на првиот човек на Шуто Оризари, пишува Алфа.

Судскиот процес против Дудуш ќе продолжи за десетина дена но пред да почне судењето за повредите и психичките трауми на нападнатиот во мај градоначалникот Курто Дудуш ќе одговара и за друг физички напад во кој жртва е странски државјанин.

Во неговата изјава по објавување на скандалозната снимка градоначалникот на Шуто Оризари од редовите на СДСМ призна дека гласот на снимката е негов, дека добро го познава човекот кого го тепа и дека тепаниот на тој ден бил во неговата канцеларија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.