Пратеничката Нола Исмајлоска Старова со најава за формирање нова пратеничка група во Собранието на Македонија на "исклучени" пратеници од ВМРО - ДПМНЕ

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 7:00

Исмајлоска Старова најави нова пратеничка група

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешната пратеничка од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Нола Исмајлоска Старова најави дека е возможно формирање на посебна пратеничка група која ќе делува независно од пратеничката група.

Исмајлоска Старова смета дека тоа би било пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ на која таа до неодамна припаѓаше, но беше исклучена од партијата откако гласаше за промена на Уставот.

Таа истакна дека пратениците кои се исклучени од ВМРО – ДПМНЕ имаат потреба да придонесуваат и натаму политички во Собрание на Македонија и е сосема извесно дека тоа може да го прават преку посебна пратеничка група.

Осум опозициски пратеници изминатиот петок дадоа поддршка на процесот на уставни промени заради имплементирање на Договорот со Грција.

Седум од нив беа членови на ВМРО – ДПМНЕ, сега сите исклучени од партијата.

Излегување од пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ најави и пратеникот на ГРОМ, Панчо – Минов, коалициски партнер на оваа партија откако беше изгласано исклучување на недовиот близок пријател, Митко Јанчев

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести