Од ВМРО обвинуваат дека со исплата на субвенциите за тутунопроизводителите само неколку дена пред изборите, власта се обидува да купи гласови.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 април, 2019 19:39

“Исплатата на субвенциите за тутунопроизводителите пред избори е класично купување гласови”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тутунарите конечно ги добија заслужените субвенции од државата за макотрпната работа бидејќи власта конечно одлучи да не ги краде сите пари туку да одвои дел кој што им следи на земјоделците. Со исплатата на субвенциите за тутунопроизводителите само неколку дена пред изборите, власта се обидува да купи гласови и со тоа да ги надомести загубените гласови поради погубните политики изминативе 2 и половина години, стои во соопштението на ВМРО.

Од ВМРО реагираат дека исплатата на тутунарите е класичен поткуп за гласачите од страна на СДСМ

Љупчо Николовски ги потценува тутунарите мислејќи дека нивното достоинство е исто како достоинството на Заев. Тутунарите како и сите граѓани во Македонија веќе се определија и нивниот глас не може да биде купен. Тутунарите се определија за чесност и достоинство, за Гордана Сиљановска Давкова и правда за Македонија, стои во соопштението на ВМРО.

Од ВМРО додаваат дека ваквото подмолно однесување на власта, уцените, заканите и притисоците нема да поминат не казнето на 21 април.

Народот нема повеќе доверба во оваа криминална и одродена власт, нема доверба во аболицираниот Зоран Заев и другата страна паричка, Хилтон кандидатот Стево Пендаровски. На 21 април и 5 мај граѓаните ќе кажат не за  Стево Пендаровски, не за Зоран Заев и не за погубните политики на СДСМ, ќе ги испратат овие ременисценти од мрачната транзицијата, во политичка пензија.

По извесниот пораз за СДСМ на претседателските избори секој еден кој се огрешил пред законите за време на предизборната кампања и изминатите две и половина години ќе одговара. А ќе одговараат и сите оние кои сега го амнестираат криминалот. Граѓаните се одзваа на повикот на татковината, правдата во Македонија доаѓа,стои во соопштението на ВМРО!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.