На социјалните мрежи во последните неколку часа се споделуваше интензиво видео на кое се гледа како мигрантите прават ршум по грчкиот остров Лезбос.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 9 март, 2020 19:06

МИГРАНТИ ПРАВАТ РШУМ ПО ЛЕЗБОС (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин

Многу од грчките острови историски се спомнуваат како лулки на западната култура и цивилизација. Меѓу нив и островот Лезбос, кој е познат по тоа што во античко време токму на овој остров бил основан првиот универзитет за жените, по иницијатива на грчката филозофина – Сапфо. 

Во градот Морија, на островот Лезбос, мештаните пронајдоа навистина непријатен поглед во црквата Св. Ѓоргија.

Во пресрет на интернационалниот ден на жената, името – Лезбос повторно одекна во светски рамки. Овој пат поради индидентите кои мигрантите ги предизвикуваат токму на овој остров. Имено на социјалните мрежи во последните неколку часа интензивно се споделува видео на кое се гледа како толпа на мигранти се обидува да нападне семејство во автомобил. Во тој обид доаѓа до кршење на прозорите од автомобилот и целосно негово демолирање. Мигрантите, како што сведочи видеото се доста агресивни и кон домицилното население кое се обидува да го сочува својот приватен имот, својата безбедност и своите автомобили. 

Овој бес кај мигрантите се акомулирал во моментот кога слушнале за одлуката на грчкото министерство да не им дозволи азил на оние мигранти кои во последните неколку дена нелегално ја поминале турко-грчката граница. Овој инцидент не е прв на број. Пред извесно време, исто така на островот Лезбос група од мигранти ја демолирала целосно црквата св.Ѓорѓија. Откако го откриле хаосот предизвикан од мигрантите, мештаните биле шокирани од количината на бес и агресија упатена кон еден верски објект. По тие глетки почна да се шпекулира дека мотивот за демолирање на црквата ја открива верската позадина на мигрантите. Најверојатно меѓу нив има припадници на Исламска држава кои се водени од фундаменталистички пориви и резултатот на тие пориви е токму нападот кон христијански верски објект. 

Мигрантската криза во последните 24 часа кулминира. Нови бранови на бегалци пристигнуваат пред грчката граница, а спречен бил влез дури на 1646 мигранти во последното деноноќје. Грција е децидна дека ги затвора границите за влез на мигрантите, а во таа одлука има подршка и од државите на ЕУ. Дипломатски претставници од ЕУ дадоа подршка на Грција кога се соочи со првиот бран на мигранти пропуштени од Турција. Тогаш делегатите изјавија дека Грција има клучна улога во очувавање на интегритетот на ЕУ и поради тоа мора сите европски држави да помогнат да се заштити грчката граница. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.