Охрабрувачки примери доаѓаат од сите страни на светот - оваа 95-годишна ќена од Швајцарија е сместена во болница дури и една недела била на интензивна нега, таа одбила респиратор, но сепак успеала да се опорави.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 март, 2020 11:47

ИСПОВЕД НА ПАЦИЕНТИ КОИ ГО ПОБЕДИЈА КОРОНАВИРУСОТ: Бев сосема здрав, а за неколку часа завршив на интензивна нега!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бројот на пациенти излечени од коронавирус ширум светот се зголемува. Но, приказните на некои од луѓето кои биле болни и добро заздравени, предупредуваат за опасноста од овој непредвидлив вирус. Заклучокот е – нема правила.

Охрабрувачки примери доаѓаат од сите страни на светот – оваа 95-годишна ќена од Швајцарија е сместена во болница дури и една недела била на интензивна нега, таа одбила респиратор, но сепак успеала да се опорави.

„Се надевам дека ќе ја вратам својата сила и ќе живеам малку повеќе. Имам внуци, правнуци и посакувам  да ги видам и да разговарам со нив“, рече Гертруда Фатон во изјавата емитувана на ТВ Нова.

Исто така, постојат примери кои предупредуваат дека никој не е безбеден. Италијанскиот адвокат Андреа Наполи целиот живот игра спорт, живеел здрав, никогаш не пушел. Сепак се зарази со коронавирус. Доби висока температура, не можеше да дише, беше толку омалаксан што не можеше да стане од кревет.

Тој заврши на респиратор.

“Бев на кислород девет дена. Всушност, осум дена, скоро девет. Постојано, без  престана”, изјави Андреа Наполи, додавајќи: Треба да поминете низ овие ситуации за навистина и целосно да ги разберете сите оние кои имаат коронавирус. Ова сигурно не е еден обичен грип. Никогаш не сум се нашол во ваква ситуација. Јас, кој имам 33 години, кој сум во одлична здравствена состојба, се најдов на интензивна нега за помалку од еден ден  “.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.