Испораката на првата пратка на вакцината „Сивовак ковид-19“ од Кина во Турција е одложена за неколку дена поради случајот со вирусот корона на царината во Пекинг, изјави денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коца.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 декември, 2020 21:29

Испораката на кинеска вакцина во Турција се одложува поради царината со корона!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вакцината во Турција требаше да пристигне во понеделник, но ќе доцни ден-два!

Испораката на првата пратка на вакцината „Сивовак ковид-19“ од Кина во Турција е одложена за неколку дена поради случајот со вирусот корона на царината во Пекинг, изјави денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коца.

Поради предупредувањето „Ковид-19“ во Пекинг и случајот „Ковид-19“ на царината во Пекинг, постапката на царината е привремено прекината – пренесува Ројтерс.

Од тие причини, како што изјави, пристигнувањето на вакцините, кои требаше да пристигнат по царинските постапки, ќе се одложи за 1-2 дена. Турција се согласи да купи 50 милиони дози и ја очекува првата испорака на три милиони дози во понеделник, пренесува агенцијата!

Анкара ќе набави 4,5 милиони дози од вакцината развиена од „Бионтек“ и „Фајзер“, со опција подоцна да набави уште 30 милиони дози.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.