Асли Енвер е една од омилените актерки во Турција, а нејзиниот лик на Суреја во серијата „Истанбулска невеста“ е една од нејзините најголеми улоги во кариерата. Таа има 35 години и веќе е меѓу најпопуларните турски актерки на сите времиња.

Објавил: Весна Петровска | 13 декември, 2019 14:12

ИСТАНБУЛСКАТА НЕВЕСТА УШТЕ ПОВЕЌЕ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ: Животот на актерката не и е како на ФИЛМ – страшен и борбен!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Турската серија Истанбулската невеста која се емитува на ТВ Сител стана мега хит во Македонија. Суреја стана миленичка на сите пред малите екрани.

Актерката во приватниот живот се бори со сериозна болест, таа боледува дислексија но и покрај сите предизвици таа не се предава.

Асли Енвер е една од омилените актерки во Турција, а нејзиниот лик на Суреја во серијата „Истанбулска невеста“ е една од нејзините најголеми улоги во кариерата. Таа има 35 години и веќе е меѓу најпопуларните турски актерки на сите времиња.

За популарната актерка, секое искачување на престолот не беше лесно, бидејќи актерката се бореше со дислексија, па и требаше малку подолго за да го научи секој текст. Но, таа научи како да се справи со предизвиците! Нејзината мајка и помогнала во сè.

“Мајка ми ме праша дали сакам да се занимавам со уметност. Избрав глума. Тоа не ми изгледаше така лошо. Таа ме испрати на курс. Значи, да, мајка ми ми помогна”, рече актерката во една прилика.

Се разбира, како што пораснав и се едуцирав, така и моето мислење се промени. Денес, не ја гледам дислексијата како главен животен проблем. Само е отежнувачка околност да се справиме, а вистинските проблеми се болест, сиромаштија или губење на некој близок “, рече таа во интервјуто пред неколку години.

Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, Асли има еден неуспешен брак зад себе со колегата Биркан Сокулуа. Таа сега е во врска со музичарот Мурат Боз, кој ја остави пред свршувачка, но таа му прости и реши да му даде уште една шанса.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.