Тој објасни дека екипи на Градот Скопје и на ЈСП досега работеа на подготовка на техничката документација за овој систем!

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 април, 2021 12:30

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА СКОПЈЕ: ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ДЕЦЕНИИ, ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНУВА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗГРАДБА НА БРТ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА СКОПЈЕ: ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ДЕЦЕНИИ, ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНУВА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗГРАДБА НА БРТ!

Со вчерашното потпишување на договорот за заем меѓу Град Скопје, Министерството за финансии во Владата на Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој и официјално почнува постапката за изведба на БРТ системот за брз автобуски превоз во Скопје. Договорот за заем го потпишаа градоначалникот Петре Шилегов, министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси, а на потпишувањето на овој важен документ присуствуваше и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

 Го остваруваме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот согласно со условите кои ги овозможува денешно Скопје. Горди сме што Скопје е првиот град на Балканот кој ќе воведе БРТ систем, што не е само успех за градот, туку е успех и за целата наша држава. Скопје добива брз, безбеден и одржлив јавен транспорт кој ќе биде доволно атрактивен и ќе овозможи директно намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа индиректно ќе се намали и аерозагадувањето во делот на сообраќајот. Подигнувањето на брзината и достапноста на јавниот транспорт несомнено ќе значи и зголемување на бројот на патници кои го користат јавниот транспорт во Скопје – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој објасни дека екипи на Градот Скопје и на ЈСП досега работеа на подготовка на техничката документација за овој систем.

Идејното сообраќајно решение е веќе изработено од стручњаци од Битола, Скопје, Белград, Лондон и Брисел и тоа ќе претставува основа за тендерската документација за набавката која очекувам да ја почнеме во текот на ова лето. Проектот опфаќа воспоставување две линии со коридори кои се резервирани само за автобусите, од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода.

Трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километар во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминала, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 луѓе на ден.

Со имплементација на првата фаза, се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобуси на секои 3-4 минути. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути – рече Шилегов.
Автобусите од БРТ системот ќе бидат со хибриден погон на гас и електрична енергија и со должина од 18 метри, а целиот систем е поставен така што во иднина ќе може да прими и 24 метарски возила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Во 1871 година го објавил препевот на „Илијадата“, но бил жестоко искритикуван, од бугарската критика бидејќи пишувал на општословенски, а не на бугарски литературен јазик (кој не го знаел добро).

ЗА ЖИВОТОТ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ – „СЕРДАРОТ“

Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз...

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес! Градоначалничката...