Авион со медицинска опрема организиран од руското Министерство за одбрана заминал рано утрово од аеродромот недалеку од Москва.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 април, 2020 10:47

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Руски авион со медицинска опрема слета во Њујок!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк извор спутник.рс

Руски воен авион со медицинска опрема слета на аеродромот во Њујорк, соопшти руското претставништво во ООН.

Како што пренесе американската новинска агенција Риа Новости, американската амбасада во Москва ќе започне со користење на опремата веднаш штом ќе помине санитарна контрола.

Коронавирусот ги смири најголемите ривали. Путин реши да му помогне на Трамп во борбата против смртоносниот вирус…

Авион со медицинска опрема организиран од руското Министерство за одбрана заминал рано утрово од аеродромот недалеку од Москва.

Министерството соопшти дека преку океанот прелетал авион Ан-124-100 Руслан кој пренесува медицинска заштитна опрема.

Прогноза на Белата куќа

Бројот на заразени со корона вирус во Соединетите држави може да биде сто илјади, во најдобар случај, до 2,2 милиони луѓе, во најлош случај, според стручните документи објавени од прес-службата на Белата куќа во вторникот.

За потсетување, рускиот претседател Владимир Путин понуди помош преку телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот, бидејќи двајцата лидери разговараа за тоа како најдобро да се одговори и да се заштити народот од епидемијата на корона вирусот.

Во САД има скоро 187,000  заразени од корона и скоро 3.900 смртни случаи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.