– Тоа Гоце Делчев самиот си има кажано што е – Бугарин е. Го напишал десетици пати, вели таа и додава дека целата идеја за македонската нација е создадена на основата на разделување од Бугарија.

Објавил: Весна Петровска | 15 јуни, 2019 19:35

ИСТОРИЈАТА НЕ ЈА ДАВАМЕ: Паѓа во вода договорот ако Гоце Делчев не остане македонски револуционер

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Бугарската страна е особено погодена од предлогот на експертите од земјава, Делчев заеднички да се чествува на 7 октомври, ден кога во 1946, Бугарија ги предала моштите на Македонија.

Гоце Делчев крена тензии меѓу Македонија и Бугарија.

Захариева вели дека кога го видела предлогот прашала дали е шега.

– Тоа Гоце Делчев самиот си има кажано што е – Бугарин е. Го напишал десетици пати, вели таа и додава дека целата идеја за македонската нација е создадена на основата на разделување од Бугарија.

За односте со Бугарија Драги Ѓоргиев денеска изјави дека во македонските учебници, Гоце Делчев ќе остане како македонски револуционер и дека никако нема да биде прифатено тој да признаен како бугарски револуционер.

Ѓоргиев за ТВ Сител изјави дека ако се инсистира од бугарска страна да се напиште дека Гоце Делчев е бугарски револуционер, тогаш нема да биде постигнат никаков резулатат во поглед на тоа прашање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести