сабота, 20 април 2024

MK/ EN/ DE



После притворот на Јанева

Објавил: Узунов Бобан | 19 септември, 2019 8:01

“Истрагата за Рекет да се насочи кон главата на октоподот”

Фото/Текст извор: ©магазин

Целата истрага за случајот Рекет е фарса која што трае со месеци. Случајот е пријавен уште во април, а Русковска обвинителството молчеше и не постапуваше цели три месеци. Дури откако скандалот беше обелоденет во медиумите, а целата јавност виде како со помош на продолжената рака на Заев, Катица Јанева се рекетирале бизнисмени, Русковска обвинителството се одважи да постапи, реагира Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тогаш тргна вториот дел од операцијата под работно име „да ги извлечеме двата пипци на октоподот за да ја спасиме главата“. Тогаш беа приведени Боки 13 и Зоран Милески и започна медиумската кампања за спас на Зоран Заев преку обид јавноста да биде убедена  дека овие двајцата без помош на власта, само сами изнудувале милиони евра. Тогаш Заев уште се трудеше да ја брани и заштити својата црвена линија преку која вршеше политички притисоци, а тоа е Катица Јанева. Уште во тоа време Заев се уште тврдеше дека немало докази против Катица Јанева, а Рускоска обвинителството и остави уште еден месец во кој што имаше време да ги избрише трагите коишто водат кон неа и кон Зоран Заев. Барањето за продолжување на притворот упатено денеска од страна на Вилма Русковска е уште едно продолжување на фарсата, доколку со истрагата не бидат опфатени и други функционери и доколку истрагата не биде насочена и кон главата на октоподот. Никако поинаку не може да се толкува фактот што дури и шефот на Русковска, Љубомир Јовески постапува по наредби на притворената Катица Јанева за која и нејзината адвокатка вели дека има нарушено психофизичко здравје и прима лекарства, истакнува тој.

Стоилковски порачува дека судот во овие неколку дена треба да одлучи дали ќе постапи по најавите на Заев, Катица Јанева да биде пуштена од притворот во Истражниот затвор.

-Да потсетам, токму како што најавил Заев на проширената лидерска средба,  дека тој имал сознанија дека наместо во затворски, Катица Јанева ќе биде преместена во домашен притвор. Во петок, за два дена од денеска, истекуваат 30 дена определениот притвор за Катица Јанева.Имајќи ги предвид досегашните предвидувања на Зоран  Заев, кој патем и досега споменувал дека има увид во истраги, па и сега за Рекет каде во аудио-снимка се споменува и неговото име и имиња на негови најблиски соработници не е тешко да се види сиот овој театар. Обвинителството на Русковска формално да побара продолжување на притворот, а Катица и Фрчковска, нејзината одбрана да побараат ослободување.Чиста фарса. Па Катице, според искуството на државата со Зоран Заев, послушај се сама, и како му велиш на Камчев: Не се секирај за ништо се ќе биде ОК! Рекет ја разоткрива власта во целост, и го открива сиот владино-обвинителско-судски октопод за уценување, рекет и политички прогон. Заев како премиер нема проблем да зборува за увид во судски и обвинителски истраги, да има увид во сведочења, да разговара со обвинители или со обвинети, со осомничени, притворени или пак нивни адвокати. Заев нема проблем да кажува со недели однапред какви ќе бидат судските одлуки, рече тој.

Стоилковски порачува: „На Заев и на СДСМ единствено им е важно Рекет да мине што побезболно, истрагата да тапка во место, наместо и други лица да се најдат во притвор, власта прави привид и притворените да ги извади и да ги спаси. Доколку сега судот ја ослободи Катица од притвор, и ја премести во домашен притвор, значи дека работи исклучиво по наредба на Заев. Ова е далеку од правна држава, ова е далеку од европски, светски и цивилизациски стандарди, ова е целосно заробено општество од рекетарскиот октопод. Пипците на Октоподот се толку раширени и во него се вплеткани толкав број на функционери на власта, што невозможно е да се разреши освен на избори! Избори веднаш, бидејќи додека државната мафија си ги спасува луѓето фатени и вмешани во милионскиот рекет, Македонија се исели.Избори веднаш, за да може да почне обновата и да одговара секој еден што се огрешил пред законот“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.