Откако прва за случајот Рекет, даде исказ Лиле Стефанова, потоа беше повикана и Елизабета Јосифовска, денеска по еден ден одложување, за случајот сведочи и обвинителот, Бурим Рустеми.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 август, 2019 13:53

Истрагата за „Рекет“ мрдна од мртва точка: На Боки и Зоки Кичеец ќе им се придружат нови осомничени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако обвинителите се вратија од годишните одмори, конечно почна подетално да се работи на случајот Рекет. Деновиве е раздвижено во Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое го води обвинителката, Вилма Русковска, пишува ФОКУС.

Снимка од весникот Ла Верита, поврзана со случајот Рекет

Откако прва за случајот Рекет, даде исказ Лиле Стефанова, потоа беше повикана и Елизабета Јосифовска, денеска по еден ден одложување, за случајот сведочи и обвинителот, Бурим Рустеми.

Рустеми го води предметот „Поштенска банка“, за кој исто така постојат сомневања дека е користен за да се изнуди рекет од осомничени во предметот. Со неговиот исказ и со исказот на Стефанова, Обвинителството на Русковска ги комплетира доказите кои ги има против инволвирани во аферата. Меѓу нив се споменува и името на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Дали Јанева ќе добие статус на осомничена, се уште не се знае, но од Обвинителството потврдуваат дека истрагата ќе биде проширена на нови лица.

-Веројатно ќе се прошири, но спрема колку лица во овој момент не може да се каже, неопходно е да се направи сумблимат на изведените докази и оние што следните денови ќе бидат изведени – велат од Обвинителство за „Фокус“.

Се очекува истрагата да добие појасна слика, поточно во вторник следната недела кога Јанева треба да одговори на поканата за распит.

Целиот текст на Фокус.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести