Иако вештачењето беше извршено сега се чека обвинителот да се врати од одмор да се повтори реконструкцијата на настанот кој однесе млад живот

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 август, 2018 8:11

Истажниот процес за убиството на Саздовски се одолговлекува?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се гледа ли крајот на истрагата за Никола Саздовски? Меѓу последните докази кои ги собира обвинителството е и психијатриското вештачење на двајцата осомничени кои се во притвор. Ова вештачење било завршено велат извори од истрагата. 

Обвинителот кој го води овој случајот за 20 годишното момче од понеделник се враќа од одмор. Се очекува уште еднаш да ги повика на распит двајцата притвореници за да ги соочи со доказите за делото убиство извршено на свиреп начин.

Никола Саздовски [21] на 29-ти јуни беше физички нападнат од три лица на автобуската станица во скопската населба Автокоманда. Тројцата осомничени излегле од автомобил и го нападнале момчето кое по 10 дневна кома почина на клиниката во Скопје. Саздовски беше член на навивачката група “Комити“.

Адвокатите ќе бараат реконструкција на настанот. Насер Рауфи го потврди барањето и вели потребно е уште еднаш да се преслика настанот бидејќи лоцирале пропуст во истрагата.

“Сметаме дека има пропусти бидејќи местото на настанот не е покриено со фото албум. Таму во тревникот има метална кутија од ЕВН која веројатно е пропуштена но ние сметаме дека е многу клучна за повредите.” – вели  Насер Рауфи адвокат.

Медицинските вештачења покажаа дека при претепувањето на Саздовски не биле употребени предмети или оружје туку бил усмртен со тупаници и клоци во главата и градниот кош. Токму ова беше клучно делото да добие потешка квалификација од насилство премина во свирепо убиство.

Во меѓувреме Интерпол се уште го бара третоосомничениот Јетон Љужа. Речиси два месеца нема никаков траг од него иако пред еден месец министерот за внатрешни изјави дека има конкретни сознанија без да открие дали е во земјава или пребегнал во некоја друга држава.

“Возилото и идентитетот на двајцата напаѓачите се идентификувани уште истиот ден. За третиот напаѓач имаме конкретни сознанија и очекувам тоа многу брзо да се случи.” – изјави Спасовски на 16 јули годинава.

По бруталното претепување до смрт на автобуската постојка во Автокоманда запленет е мерцедесот и притворени се двајца од осомничените. Овој настан има и очевидци и сведоци кои веќе беа повикани на распит во обвинителството. Меѓу нив е и таткото на Саздовски кој за време на протестите организирани од навивачите Комити повикуваше на смиреност и побара правда за неговиот син.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.