Истражувањето ги разработува физичките и емоционални последици од следењето вести и од самото учествување во политички расправи, стои дека политиката на луѓето им причинува несоница, стрес, па дури и анксиозност.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 октомври, 2019 22:47

Истражувањата покажаа дека политиката лошо влијае на психо-физичкото здравје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Макпрес

Верувале или не но политиката лошо влијае врз човекот. Имено според последното истражување објавено во списанието „ПЛОС 1“ изработено од политикологот Кевин Смит, од Универзитетот на Небраска, САД се покажало дека политиката лошо влијае врз човекот.

Имено ова истражување ги разработува физичките и емоционални последици од следењето вести и од самото учествување во политички расправи, стои дека политиката на луѓето им причинува несоница, стрес, па дури и анксиозност.

Следењето политика предизвикува стрес и го нарушува сонот, тврдат научниците.

Имено експертите тврдат дека следењето политика предизвикува стрес и го нарушува сонот, па поради тоа советуваат повеќе дружење со природата а помалку време поминување пред телевизорите, особено нагласуваат да се избегнува политика.

Политикологот Кевин Смит  го набљудувал американското општество за време на претседателските избори 2016 година и интервјуирал 800 луѓе за една година. Во својот труд тој  открива дека кај 40 отсто од испитаниците имало знаци на стрес поради политиката.

Според испитувањето, 20 отсто од луѓето си расипале пријателства поради политички несогласувања. Исто така, еден од петмина тврди и дека се чувствува уморен, а  околу четири отсто имале самоубиствени нагони поради политиката.

– Политиката навистина влијае негативно на животот на многумина, или барем тие така го сфаќаат тоа, па и навистина се одразува лошо на нивниот живот… Стресот е реална појава, којашто може да има катастрофални последици по здравјето. Ако политиката е причина за повисоко ниво на стрес кај возрасните Американци, тогаш – да, таа има вистински негативен ефект врз нивното здравје, вели Смит.

Натаму, кај 31,8 отсто од испитаните, она што ќе го чујат, прочитаат или видат на вести, а се коси со нивните лични убедувања, ги збеснува. Дури 29,3 отсто сметаат дека поради политиката губат самоконтрола, а 11,5 отсто изјавиле дека политиката им влијае неповолно на физичкото здравје.

Само 22,1 отсто признаваат дека не ги интересира многу тоа кој добива, а кој губи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...