четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Пратеникот доби многу критикии поради тоа што на 25ти декември на денот на католичкиот Божиќ во статус на Фејсбук го спореди општеството во Витлеем пред 2000 години со „неуспешните“ општества во денешна Романија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 декември, 2019 10:38

Исус е роден од сурогат мајка- Романски пратеник со шокантно тврдење

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Многу критики беа упатени на сметка на пратеникот на Унијата за спас на Романија, Јулијан Булаи кој предизвика бурни реакции откако на Фејсбук објави дека Исус Христос бил роден во „чудно семејство“ со „сурогат мајка“ и „татко кој прифатил татковство без да придонесува за тоа“.

Пратеникот доби многу критикии поради тоа што на 25ти декември на денот на католичкиот Божиќ во статус на Фејсбук го спореди општеството во Витлеем пред 2000 години со „неуспешните“ општества во денешна Романија.

– Едно дете. Сиромашно и потекнува од чудно семејство… Се појави на свет без неговите родители да водат љубов. Со сурогат мајка и татко кој го прифаќа татковството без да придонесува за тоа. Отфрлено од општеството… Неговото раѓање ги покажува необичностите и ограничувањата на општеството во кое се појави… Неговата судбина денес ја делат многу деца во Романија кои сепак не добиле родителска љубов – напиша романскиот пратеник на својот Фејсбук профил, предизвикувајќи голем број негативни реакции.

Исус бил еврејски пророк и рабин од Назарет, кој многу Евреи го сметале за голем учител. По неговата смрт станал централна фигура во христијанството и важна фигура во другите религии. Муслиманите го сметаат за пророк, а христијаните за Месија и Син Божји, односно второто лице (ипостас) на Светото Тројство. Исто така се нарекува уште и Бог Слово (логос), кој поради спасувањето на човечкото општество од неговите гревови се „претворил“ и станал човек – Исус Христос.

Во објавата на ФБ тој додава дека во државата има над 50.000 деца кои се грижа на државата, и дека годишно само 3.000 деца се посвојуваат.

Инаку Христијаните веруваат дека Исус бил Месија, чие доаѓање е најавено во Стариот Завет, кое е едно од основните гледишта околу разликите во погледот на Исус со јудаизмот. Христијаните веруваат дека Исус е Син Божји, кој дошол да го донесе спасот и помирувањето со Бога и кој воскреснал по неговото распнување. Повеќе христијански учења зборуваат дека Исус бил исцелител, правејќи големи чуда.

Според апостолите Лука и Матеј, Исус бил роден во Витлеем, како син на Јосиф и Марија. Според евангелието на Лука, Архангел Гаврил ја посетил Марија за да и пренесе дека таа е избраницата од Бог да го роди Синот Божји [10]. Според Лука, наредбата на Октавијан Август ги принудила Јосиф и Марија да го напуштат Витлеем и да се преселат во Назарет, во куќата на предците на Јосиф, меѓу кои спаѓа и царот Давид за време на Квиринскиот попис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.