Мајката на исчезнатата Марија Брзакова, Валентина вели дека со нејзината ќерка никогаш не се случило вакво нешто и и оти таа била семејна жена, сопруга и мајка.

Објавил: Весна Петровска | 21 јануари, 2020 19:44

Исчезна Марија – мајката очајна за ќерката: Таа е семејна жена, никогаш не би го напуштила детето

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Мајката на исчезнатата Марија Брзакова, Валентина вели дека со нејзината ќерка никогаш не се случило вакво нешто и и оти таа била семејна жена, сопруга и мајка.

-Три дена не знаеме ништо. Кога излегла од дома била облечена во тренерки во темна боја, не знаеме дали на нозете имала патики или пак влечки. Сите документи и се дома, го оставила и мобилниот телефон. Марија има костенлива долга коса, висока е околу 160 сантиметри, средна градба… Таа е фамилијарна личност, никогаш не би го оставила детето, сите сме вознемирени. Ја замолуваме јавноста, доколку било кој ја забележи, веднаш да не извести или пак да се јави во полиција. Случајот го пријавивме и во полицијата, молиме за помош – вели мајката за Фокус.

Граѓаните кои имаат информација поврзана со Брзакова да се јават во полиција или пак на телефонскиот број на семејството 070 447 338.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.