„Решивме да го отстраниме знамето на ЕУ. Ние сме сами, но горди“, рече сопственикот на фирмата „Прат“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 март, 2020 13:54

Италијаните го згазија под нозе знамето на ЕУ: Се развеа кинеското и руското знаме во Италија!

Фото/Текст извор: ©приватна архива магазин.мк

Бидејќи Италија е најтешко погодена од епидемијата на коронавирус, граѓаните почнуваат да се чувствуваат беспомошни бидејќи не гледаат Европската унија да дава соодветна помош.

Лутите Италијанци го фрлија знамето на ЕУ од повеќе јавни места и наместо тоа го подигнаа кинеското знаме.

Лутите Италијанци го фрлија знамето на ЕУ од повеќе јавни места и наместо тоа го подигнаа кинеското знаме.

Како што знаеме, Кина веќе испрати голем број лекари и најмалку 30 тони медицинска опрема во Италија за да им помогне на лекарите кои се занимаваат со епидемија со неверојатни размери.

„Решивме да го отстраниме знамето на ЕУ. Ние сме сами, но горди“, рече сопственикот на фирмата „Прат“.

Моментално САД станаа земја со најмногу луѓе кај кои е потврдена заразата со новиот коронавирус. Особено погоден е Њујорк со преку 20 илјади заболени од Ковид-19.

Според актуелните податоци на универзитетот Џонс Хопкинс, во САД се инфицирани околу 86 илјади луѓе, а починале најмалку 1300.

САД во текот на изминатата ноќ ја надминаа Кина, која бележи близу 82 илјади случаи на Ковид-19, како и Италија каде се регистрирани околу 80.500 заразени.

Оваа европска земја има најмногу смртни случаи од болеста, која ја предизвикува новиот коронавирус – 8215.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.