Станува збор за 84-годишен маж од Ломбардија. Лицето било со хронични болести и хоспитализиран во Бергам пренесува италијанската агенција Анса.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 февруари, 2020 10:23

ИТАЛИЈА ВО ПАНИКА: Коронавирусот ја однесе и четвртата жртва

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Италијанските власти денеска соопштија дека како последица од коронавирусот починало уште едно лице а со тоа вкупниот број на починати сега изнесува четири лица.

Станува збор за 84-годишен маж од Ломбардија. Лицето било со хронични болести и хоспитализиран во Бергам пренесува италијанската агенција Анса.

Тешка акутна респираторна синдром (САРС) е заразна болест која за прв пат е забележана во ноември 2002 година во кинеската провинција Гуангдонг. Според Институтот за тропска медицина Бернхард Нохт во Хамбург, клиничката слика одговара на атипична пневмонија. Предизвикувачкиот агенс на САРС бил претходно непознат корона вирус, кој сега е познат како САРС-поврзан вирус корона (САРС-КоВ). Единствено најголемо појавување на болеста досега е пандемијата на САРС во 2002/2003 година, со околу илјада жртви.

Досега во Италија од новиот коронавирус наречен Ковид-19 се заразени 165 лица, и тоа претежно во покраините Ломбардија и Венето, во северна Италија. Вчера властите превземаа мерки за заштита така што ги откажаа сите јавни настани меѓу кои и карневалот во Венеција.

Според последните податоци, до сега од новиот коронавирус, починаа 2.619 лица, а заразени се повеќе од 79.000.

Вирусот почна да се шири и надвор од Кина, каде беше регистриран првиот заболен, па до сега надвор од границите на Кина потврдени се 27 смртни случаи, од кои најмногу – осум во Иран и седум во Јужна Кореја, пренесува Си-Ен-Ен.

Вчера Турција поради бесбедносни причини ја затвори границата со Иран.

До сега најмногу заразени на дневно ниво има во кинеската провинција Хубеј, од каде што почна да се шири вирусот.

Иако е смртоносен за лицата со хронични болести, и шири паника сепак до сега од коронавирусот се излекувани 24.000 лица.

Надвор од границите на Азија, најмногу заболени има во Италија – 152, каде што се регистрирани и четири смртни случаи.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.